Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Договорот со Бугарија е усогласен, сакаме подобра соработка и со Грција
Македонија

Димитров: Договорот со Бугарија е усогласен, сакаме подобра соработка и со Грција

јули 14, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонија и Бугрија го усогласија текстот на договорот за добрососедство чија цел е решавање на долгогодишните спорови и тензии, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Ројтерс.

„ Постигнавме компромис за текстот. Потпишувањето на договорот за добрососедство ќе ја зголеми довербата меѓу нас, ќе покаже дека сме сериозни и дека сакаме да создаваме пријателства во регионот – изјави Димитров.

Ројтерс потсетува дека досегашните сложени односи меѓу Македонија и Бугарија ги отежнуваат напорите на Скопје да се приклучи кон НАТО и ЕУ, иако најголемата пречка за тоа е спорот за името со соседна Грција. Притоа се посочува дека договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија се очекува да биде потпишан на 2 август.

Шефот на македонската дипломатија во интервјуто истакнува дека Македонија сака подобра соработка и со Грција, а во тој контекст била и неговата неодамнешна посета на Атина. Нагласува дека на средбите во Атина предложил Грција да дозволи Македонија да се приклучи кон НАТО под привремената референца, а да продолжат преговорите за изнаоѓање трајно решение за прашањето за името.

„Мојата порака во Атина беше дека во Македонија има нов почеток и затоа ве молам да размислите каков сосед сакате да имате. Ако сакате да имате европска демократија раководена од владеење на правото, сега е моментот да ни помогнете и можеби да ни допуштите да влеземе во НАТО под привремената референца.

„Тоа би значело инвестирање во подобра клима каде што би било можно решавање и на најголемите проблеми – вели Димитров.

Тој не очекува поместување на позициите на Грција преку ноќ, туку тоа да биде постепен процес.

На прашање, дали Македонија некогаш би била отворена за промена на името, Димитров изјави дека тоа е многу сложено прашање што вклучува емоции и идентитет.

„За решавање на тоа прашање потребно е да имаме процес кој ќе создаде национална позиција. Дефинитивно за тоа прашаање ќе има референдум – истакнува министерот за надворешни работи во интервјуто за Ројтерс.

актуелно Атина Грција НАТО Никола Димитров
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.