Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров за Бугарија: Не можете да создадете антиевропски критериум и тоа да ви биде услов за влез ЕУ
Македонија

Димитров за Бугарија: Не можете да создадете антиевропски критериум и тоа да ви биде услов за влез ЕУ

ноември 19, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска во Мадрид беше говорник на настанот „Идното проширување на ЕУ: изгледи и замки“.

Дискусијата се фокусираше на придобивките од проширувањето како од аспект на регионот, така и од аспект на Европската Унија и земјите членки, како и важноста на трансформативната моќ во пристапниот процес за што предуслов е објективното вреднување на критериумите за членство, соопшти СЕП.

Вицепремиерот Димитров истакна дека процесот на проширување всушност е процес на комплетирање на Европа и заокружување на проектот за обезбедување траен мир и просперитет на континентот.

– Со проширувањето на ЕУ со земјите од регионот, картата на Европа нема да се прошири, ќе остане иста, симболично кажано – единствено сегашната сива зона ќе стане сино-жолта. Затоа треба да зборуваме за комплетирање на обединувањето на Европа, рече Димитров.

Посочи дека евроинтегративниот процес на Северна Македонија е прашање преку кое се преиспитува внатрешната кохезија на ЕУ и вредностите на кои се темели, како и влијанието на ЕУ во регионот.

– Низ нашиот трнлив пат, ја усовршивме трпеливоста бидејќи причината за одложување на почетокот на пристапните преговори не беше неисполнувањето на копенхашките критериуми, туку билатерален спор. Вложивме огромен политички капитал на основа на ветувањето од ЕУ, меѓутоа кога ветувањето не е исполнето, довербата станува проблем и ЕУ го губи своето влијание во овој стратешки важен регион.

 

Јасно е дека земјите членки имаат влијание во процесот на пристапување и да ги наметнат своите национални интереси, но дали тоа значи дека можат да поставуваат и услови кои се косат со европските вредности? Главната замка во процесот на пристапување е да стане заложник на билатерални прашања. Најдобар и единствен начин земјите да растат заедно, да станат помудри и позрели во политичка смисла е токму преку европскиот проект, истакна Димитров.

актуелно бугарија димитров проблем
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.