Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров за „То Вима“: Нашиот случај е тест за кредибилитетот на ЕУ
Македонија

Димитров за „То Вима“: Нашиот случај е тест за кредибилитетот на ЕУ

април 26, 2021Updated:април 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нашиот случај претставува тест за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан, вели заменик претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров во разговор за грчкиот весник „То Вима“ и објаснува дека нашата земја статусот кандидат го доби во 2005 година, а пред 12 години го имавме првиот позитивен извештај за почеток на пристапни преговори, додека Хрватска стана членка, иако ние пред нив ја потпишавме

Спогодбата за стабилизација и асоцијација, јави дописничката на МИА од Атина.

Многумина ќе се запрашаат дали ЕУ е сериозна. Треба, на ова да се додаде и неодамнешното пуштање на контроверзниот нон пејпер за промена на границите и формирање поголеми држави, кога долгорочно имаме потреба од „европски Балкан“ во кој границите ќе имаат помало значење, вели Димитров.

Вицепремиерот во интервјуто освен за европската перспектива на земјата, говори и за бугарската блокада, но и за билатералните односи со Грција.

Изразува подготвеност Скопје да соработува со идната Влада во Софија, но истакнува дека „ќе биде главна стратешка грешка, ако не успееме да најдеме решение“.

-Треба да ги земеме предвид европските принципи. Верувам дека е дел од добрососедските односи кога една европска земја прифаќа дека нејзиниот сосед има право на самоопределување. Не можеш да го оспориш македонскиот јазик на нашиот пат кон Европа, ако Европа претставува заедница на вредности и се гордее за јазичната различност. Постојат меѓународното и европското право кои ги водат меѓудржавните односи.

Идентитетот и јазикот се прашања што се однесуваат на секоја земја посебно, објаснува Димитров и додава дека пристапниот процес се однесува на прашањата како што се владеењето на правото, борбата со корупција, „а не на прашања што не се поврзани со европското законодавство.

Како што пишува „То вима“, Димитров вели дека постои „прозорец на можност“, до јули да се одреди датум за почеток на преговори со ЕУ.

За односите со Грција, потпретседателот на Владата коментира дека се „многу отворени, па дури и срдечни и постои доверба“.

-Договорот од Преспа, несомнено ја отклучи динамиката во односите, но поради пандемијата не успеавме целосно да ги ослободиме. Нашата соработка во енергетиката оди многу добро, коментира Димитров и потсетува дека неодамна беше потпишан Меморандумот за разбирање за учество на Северна Македонија во инвестицискиот проект за изградба на терминалот за течен природен гас во Александруполи, како и напредокот во однос на интерконкеторот за природен гас меѓу двете земји.

Во однос на комисијата за учебниците што произлегува од Договорот од Преспа, вицепремиерот објаснува дека досега се одржани шест средби, четири со физичко присуство и две преку видеоконференција, а набргу се очекува и седмиот состанок.

Коментира дека „знаеме дека Договорот од Преспа не е лесен компромис за ниедна од двете страни, но е долгорочно важен за да се отвори вратата за интеграција во ЕУ“.

Како што објави МИА во средата, Димитров, заедно со претседателот на Владата Зоран Заев кон средината на мај ќе учествуваат на шестиот Делфи економски форум во Атина.

актуелно димитров ЕУ Западен Балкан то вима
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.