Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за France 24 ТВ, за време на неговата посета во Париз, зборуваше за Законот за амнестија, со кој како што вели ќе се направи дистинкција, така што нема да им биде понудена амнестија на организаторите на упадот и на насилниците.
„Нашата влада всушност произлезе од жедта за правда по скандалот со прислушувањето што разоткри распространети злоупотреби на службените должности. Оттука, нашето основно ветување, во суштина, е отчетност. Сега, соочени сме и со предизвикот на длабоката политичка поларзизација во државта, делумно како резултат на оваа криза. Како можеме да работиме и на двете? Мислам дека се додека политичарите не одат преку судството за политички работи, така што постои јасна и транспарентна разлика меѓу тоа што го прават судиите и јавните обвинители и тоа што го прават политичарите, постигнувањето на вистинската рамнотежа…
Димитров смета дека нема да им се понуди амнестија на организаторите на нападот на парламентот или на оние што учествувале во насилството, туку на оние што, веројатно – допрва ќе го видиме нацрт-законот – што биле дел од толпата, ако може така да се каже.
„Мислам дека најдоброто што можеме да го направиме е мудра комбинација од вештината на можното и принципите што се навистина важни, а отчетноста веројатно е прва на тој список , вели Димитров.







