Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Идентитетските прашања да се извлечат од процесот на преговорите за името со Грција
Македонија

Димитров: Идентитетските прашања да се извлечат од процесот на преговорите за името со Грција

октомври 2, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Идентитетските прашања да се извлечат од процесот на преговорите за името со Грција, со цел да може тој процес на зближување да продолжи и двете држави да имаат разбирање една за друга, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, на презентација на отчетот за 100-те дена од работата на Министерството за надворешни работи.

Тој посочи дека преговорите не се почнати и дека во моментов се работи на исцртување на контурите на тој процес, на нивната форма, на датумот.

„Грција не може успешно да го затвори овој спор ако Македонија е понижена, тоа е апсолутно неспорно, дури и „победата“ на Грција со ветото на Самитот на НАТО во 2008 година е пирова, бидејќи создаде контекст на еден сосед кој го загуби моралниот компас, си ја растресе својата демократија, стана произведувач на проблеми, кризи, рече тој.

Димитров изјави дека постои потреба од надминување на историјата, со цел работите да се придвижат во позитивна насока.

„Стравот и држењето во ровот на историјата ја ослабува Македонија, мора да си го фатиме возот, штитејќи си го сопственосто достоинство и идентитетот, рече шефот на дипломатијата.

Во врска со можноста за менување на учебниците по историја со цел да се спушти топката во односите со соседите, Димитров изјави дека е син на татко бегалец од Егејска Македонија.

„Татко ми е дојден во РМ по граѓанска војна во Грција во 1948 година. Не сум историчар, не сакам да одам поконкретно во однос на ова. Ако сакаме да ги отвориме односите, да отвориме поголем простор за соработка не знам зошто би имале страв да видиме каков е историскиот наратив во Грција за нас и каков е наративот кај нас за Грција, рече Димитров.

Тој ја најави квадрилатерална средба в среда и четврток во Солун на покана на Никос Коѕијас, на која ќе учествуваат и Албанија и Бугарија. На средбата ќе се разговара за безбедносната соработка, прекуграничната соработка, енергетското поврзување и за други актуелни теми. Димитров очекува билатерална средба со Коѕијас.

МНР води разговори со претседателот на државата за пополнување на амбасадорските места, од кои сега се празни 13, а во 2018 нивната бројка ќе стане 15.

„Сега сме во финалната фаза на првата рунда преговори. Наследив една тешка ситуација, екипираност на ДКП и во однос на бројност и во одност на балансот меѓу кариерни дипломати и политички именувани дипломати. Соодносот е 60 спрема 40 во корист на политички именуваните и градиме добра волја и консензус да го подобриме тој баланс, рече министерот.

Тој ги наброја достигнувањата во изминатите сто дена, меѓу 31 меѓународна посета, 17 билатерални и 14 мултилатерални, средби со 44 министри за надворешни работи, потпишување декларации и политички изјави за партнерство, состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу РМ и ЕУ, средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и состанокот на Северноатлантскиот совет, со кој се заокружи 17. циклус на приближувањето кон НАТО.

„Македонија од земја, која асоцира на криза денес претставува земја, која асоцира на надеж и можности, нагалси шефот на дипломатијата.

актуелно албанија бугарија Грција ЕУ македонија НАТО Никола Димитров
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.