Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Мора да прогласиме заеднички успех со Бугарија
Македонија

Димитров: Мора да прогласиме заеднички успех со Бугарија

април 15, 2021Updated:април 15, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Наши најголеми поддржувачи треба да бидат нашите соседи, бидејќи тие имаат најголем интерес од една европска, блиска, предвидлива Северна Македонија. Убеден сум дека за да бидете блиски мора да го почитувате другиот, и тоа почитување секако вклучува дека идентитеските прашања и прашањето за Македонците, за македонскиот јазик се прашања за македонскиот народ.

Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заедничката прес-конференција во Виена со австриската министерка за Европа и Устав Каролине Едштадлер, во одговор на новинарско прашање дали очекува дека по изборите во Бугарија ќе има напредок во решавањето на билатералното прашање.

Се конституираше Парламентот во Софија и мислам дека нам ни треба еден вид стратешко трпение да видиме да се формира тамошната Влада.

Излегувањето на процесот од шините не ни е во интерес ниту нам, ниту на Бугарија, ниту на регионот, ниту на Европската Унија. Ќе работиме на тоа, ќе растеме заедно, немаме многу време на Балканот, рече Димитров.

Изборите во Бугарија, оцени Димитров, покажаа дека за овој тип на прашања, а партијата којашто посебно стави фокус на ова прашање, а не успеа да влезе во Парламентот, општествата на Балканот понекогаш излегуваат позрели од политичките сили. -Доброто е што политичките сили мораат заради природата на политиката и демократијата да ги следат своите општества, рече Димитров.

Според него, влогот е многу голем, и мислам дека и европска Бугарија и европска Северна Македонија и регионот ако сме мудри можеме да прогласиме заеднички успех дали за неколку месеци, во секој случај во оваа година, бидејќи успехот е стратешки императив оваа година и за ЕУ и за нашиот регион.

Не може државите да признаваат јазици. Прашањето на јазиците е прашање на самоопределување и е многу внатрешно прашање. И во таа смисла не е на линија на Лисабонскиот договор и на Повелбата на ЕУ за основни права ако било која земја членка на една европска нација можеби мала, но важна, во 21 век да прашува, предизвикува дали нашиот јазик е наш јазик, или не е наш јазик. Македонскиот јазик беше официјален јазик и во поранешна Југославија, тој е признаен и во ОН и тоа е прашање за нас. Пријателството мора да подразбира почитување на достоинството на другиот. Ама ќе стигнеме и до таму, заклучи вицепремиерот Димитров.

Претходно, на прес-конференцијата австриската министерка Едштадлер рече Северна Македонија е кандидидат за членство за пример и оти нема разбирање за бугарската блокада кон европската интеграција за земјава, апелирајќи да ја отстрани.

Димитров денеска во Виена треба да има средба и со министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

Посетата на Виена е дел од турнејата на вицепремиерот Димитров низ главните градови на земји членки на ЕУ.

актуелно бугарија димитров
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.