Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров на министерски состанок во Солун
Македонија

Димитров на министерски состанок во Солун

ноември 23, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, заедно со неговите колеги од Албанија, Бугарија и домаќинот Грција,  учествува на четвртиот министерски состанок во Солун, на покана од алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

Квадрилатералната средба започна синоќа со вечера на четворицата министри, додека пак работниот дел ќе започне утрово со обраќање на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, по што ќе следи средбата на министрите за надворешни работи. Потоа предвиден е состанок на министрите за економија и развој, додека пак на крајот од работниот ден, домаќинот Јоргос Катругалос ќе одржи прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидено е темите за дискусија да ги опфатат прашањата во врска со развојот, регионалната соработка и економската интеграција на Балканот, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како и други актуелни настани и прашања од заеднички интерес, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи во пресрет на состанокот.

„Разговорите на министрите за надворешни работи ќе се фокусираат на прашања од заеднички интерес и на случувањата во поширокиот регион, а акцентот ќе се стави на прекуграничната соработка и регионална координација против предизвиците што ги надминуваат границите на секоја земја, како ние кои произлегуваат од континуираната нестабилноста на Блискиот Исток. Исто така, ќе се дискутира и за европската перспектива на Западен Балкан, соопштија вчера од грчкото МНР.

Освен министрите за надворешни работи, на состанокот предвидено е и учеството на високи претставници од Министерствата за економија на четирите земји, а според грчкото МНР, тие ќе разговараат за изнаоѓање начини за зајакнување на екстровертноста, на енергетската соработка и поврзување на четирите економии, преку подобрување на инфраструктурата и искористување на дигиталната технологија.

За претстојниот министерски состанок во Солун, алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио „Сто кокино“, вчера рече дека намерата е преку редовните разговори, Балканот од буре барут во Европа, да стане регион што испраќа позитивни пораки. Тој додаде дека состанокот е редовна средба на која се промовира соработката меѓу земјите од регионот во прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста, но се разгледуваат и други теми.

„На пример, заедно со нас, со министрите за надворешни работи, ќе ги имаме и министрите за економија за да разгледаме прашања поврзани со економската соработка во регионот. Претходните средби повеќе беа фокусирани на темите за соработка на министрите за внатрешни работи и цивилна заштита, на прекуграничните теми. Она што сакаме е редовно да разговараме, за Балканот повеќе да не биде буре барут во Европа. Напротив, да биде регион, која испраќа позитивни пораки до Европа и светот , рече Катругалос.

актуелно балкан димитров Европа солун
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.