Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров на работен ручек со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ
Македонија

Димитров на работен ручек со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ

март 14, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска присуствуваше на работен ручек со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија, што го организираше бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Великов Петков, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ.

Димитров изрази благодарност до амбасадорот Петков и за бугарската заложба за приближување на Западен Балкан кон ЕУ за време на нивното претседателство. Ја истакна заложбата до крајот на Бугарското претседавање со Советот на ЕУ, во јуни 2018 година, Советот да ја донесе политичката одлука за почеток на пристапните преговори со Република Македонија за членство во Унијата, соопшти МНР.

Димитров брифираше за конкретните реформски активности, пред се во приоритетните сфери: правосудство, добро владеење, јавна администрација и следење на комуникациите, како и за борбата против корупцијата, организираниот криминал и анти-тероризмот, добрососедските односи и подобрувањето на политичкиот дијалог во Собранието на РМ.

Осврнувајќи се на содржината на Стратегијата за проширувањето на Јункер, истакна дека таа ги исполнува македонските очекувања – отвора рамка за сите земји од Западен Балкан и за прв пат се предвидува ориентациона временска рамка за членство.

„Очекуваме претстојниот Извештај на ЕК да го нотира значителниот и видлив напредок постигнат од Владата на РМ на планот на домашните реформи – рече Димитров.

Додаде дека Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија претставува јасна можност за обновување на обврските од страна на Западен Балкан и ЕУ и очекуваме да биде реален индикатор за тоа колку земјите-членки на ЕУ се подготвени да се посветат на пристапниот процес на земјите од регионот.

„Сакаме сите држави од соседството да се движат во вистинскиот правец на ЕУ интегрирање. Многу важни лекции од историјата научивме, а тоа е дека единствената одржлива стратегија за нашиот регион да биде стабилен и просперитетен, е онаа европската – посочи шефот на дипломатијата.

Тој истакна дека Македонија ги уважува напорите на бугарското претседавање со Советот на ЕУ во надминувањето на актуелните предизвици со кои се соочува Унијата, кои имаат и одредено влијание и врз земјите од регионот.

блакна димитров ЕУ македонија НАТО Совет Софија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Наскоро следува продолжен викенд

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.