Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Одлуката на ЕУ за земјава е наше рандеву со историјата
Македонија

Димитров: Одлуката на ЕУ за земјава е наше рандеву со историјата

октомври 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пораката што наредната недела ЕУ ќе ја испрати до Македонија е порака и за регионот. Доколку сѐ она што го направи земјава од решавањето на прашањата со соседите, реформите и целокупната позитивна промена во општеството, не биде препознаено и наградено со позитивна одлука за почеток на преговорите со Унијата, Европа ќе испрати порака дека не е сериозен партнер, порача денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Говорејќи на панел дебата насловена „Договорот од Преспа – научените лекции за време на дипломатските преговори и меѓународната перспектива“ што се одржа во МНР, тој потсети дека земјава 14 години е кандидат за членство во ЕУ и има десет позитивни препораки дека е подготвена за почеток на преговорите и за влез во следната фаза.

– Одлуката на Советот на министри на 15 октомври, а Европскиот совет на 17-18 октомври е наше рандеву со историјата. Ќе биде многу тешко да им кажеме на граѓаните – „ние не успеавме овој пат, ќе успееме 11-тиот пат“ – истакна Димитров.

Покажавме, рече тој, храброст и европски дух во решавањето на домашните прашања, работиме на европската агенда, направивме огромни скокови напред во изминатите неколку години на полето на слобода на медиумите, независноста на судството, јавната администрација…

– Ова е многу поинакво општество од она што го наследивме во јуни 2017 година и ако овој тренд не биде награден и охрабрен од ЕУ, ако не се признае и препознае со позитивна одлука за почеток на преговорите, таа ќе испрати порака дека Европа не е серизона кога донесува заклучоци – рече министерот Димитров.

Според него, влогот е голем и за регионот и за ЕУ, сигналот за нас е и сигнал и за целиот регионот. Позитивна одлука, рече тој, може да биде вин-вин за нас, за регионот и за Европската Унија.

Тој истакна дека Договорот од Преспа е еден по показателите за позитивните промени во општеството, желбата да се продолжи на патот на евроатланските интеграции и да се овозможи посигурна иднина за граѓаните.

– Работите и отворените прашања треба да се решаваат. За мене како министер најлесно беше да не го чепкам прашањето за името. Тешко се гради политички капитал или се стекнува популарност кога решаваш тешко прашање, кое колку подолго опстојува, станува сѐ потешко да се реши, а многу направија и кариери на прашањето – рече Димитров.

За мене, додаде тој, патриотизам, е каде сакаме да ја видиме нашата земја за десет години одсега и што ќе треба да се направи да се откочи прогресот. Тоа, и создавањето подобро општество со повеќе можности за сите, вклучително и младите, според него, било водилка во преговорите со Грција за решавање на ова прашање.

На дебатата која се одржува во рамки на Регионалната школа за дипломатија 2019:„Градење мостови преку решавање на конфликти во балканските држави“, во организаци ја на МНР и Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје говореше и евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој е согласен дека со она што го има направено со решавањето на прашањата со соеседите, но и со промените во општеството и реформите, земјава заслужува да ги почне преговорите за чластво во ЕУ. Според него, секогаш може да се направи повеќе, но позитивниот тренд во земјата треба да биде препознаен.

– Договорот од Преспа покажува дека сите прашања може да бидат решени ако има искрена волја од двете страни, оти за тоа е потребен компромис и волја да се чуе и втората страна – рече Жбогар.

Тој вели дека е добро што вакви добри вести пристигнуваат од Балканот, иако како што рече, се уште има прашања кои треба да се решаваат. – Иако не е моја мисла, сепак сакам да ја кажам. Патот за Косово и Србија оди низ Скопје, мислејќи дека успехот на нивниот дијалог сепак зависи и од она каков ќе биде одговориот на ЕУ наредната недела кон оваа земја, рече Жбогар.

Дека пресудна за решавање на проблемот била искрената волја, оцени и професорката Марилена Копа од Универзитетот во Атина и поранешен член на Европскиот парламент. До решение, потенцира таа, било можно да се дојде кога на власт во двете земји имало влади кои сакале тоа да го направат вистински.

– Порано немаше вистински преговори. Тогашниот премиер Никола Груевски не сакаше решение, не беше заинтересиран за европерспективите на земјата и ги саботираше напорите за решавање – рече таа.

Битно за напредокот во решавањето, рече Копа, покрај добрата волја на двете земји, било и промената на геополитиката и враќањето на Балканот во фокусот на вниманието на меѓународната заедница.

– Во 2017 Русија, Кина и Турција, но и заливските држави го направија видливо нивното присуство во регионот или преку поткопување на западната стратегија, како Русија, или големи економски инвестиции како кинеската иницијтивата „Еден појас, еден пат“. Овие актери сакаа да ја пополнат празнината оставена поради инерција на ЕУ – нагаласи Копа.

Таа смета дека овој договор е траен и оти двете земји треба да се придржуваат кон него.

актуелно димитров панел дискусија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.