Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Спогодбата меѓу Македонија и Грција е клучот на вратата за влез во ЕУ и во НАТО
Македонија

Димитров: Спогодбата меѓу Македонија и Грција е клучот на вратата за влез во ЕУ и во НАТО

септември 24, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на прес – конференција уште еднаш ја појасни Спогодбата којашто на 17 јуни ја потпишаа Република Македонија и Република Грција. Во своето обраќање пред претставниците на медиумите, тој меѓу другото рече:

„Од искуството од текот на кампањата и среди со граѓани низ многу градови и села, имаме чувство дека треба да се доразјасни, да се доразјаснат клучните елементи од Спогодбата со Грција, бидејќи има многу дезинформации и кај дел од граѓаните уште не се до крај расчистени сите дилеми. Раскрсницата пред нас е историска, треба сите заедно да решиме дали ќе исчекориме напред или ќе стоиме во место, односно ќе се вратиме назад во ровот. И затоа во одлучувањето многу е важно секој од нас да ги знае до крај сите клучни елементи од Спогодбата.

„Првото е, ќе почнеме од член 1 – во однос на географската одредница. Значи се додава географската одредница Северна, кон името Македонија. Има луѓе коишто сеуште мислат…ме праша еден дедо во Ново село, во Штип – се е ова добро, само да сме уште сигурни дека името нема да биде северно од Македонија. Значи нема да биде, ќе биде Република Северна Македонија. Ова е преводот, се разбира. Меѓутоа и на англиски е Republic of North Macedonia.

„Одиме понатаму – уште има дебати околу терминот „nationality“. Терминот „nationality“ е државјанство, таква е и конвенцијата на Советот за Европа за државјанство, која на англиски се вика за „nationality“, којашто во член 1 вели дека nationality е правната врска меѓу индивидуата и државата. Значи се работи за државјанство. На англиски етничката припадност е „ethnicity“ и таков е и нашиот превод и грчкиот превод, со тоа што валиден текст е англискиот. Има и еден случај пред меѓународниот суд на правдата од 1955-та година, каде што исто така за „nationality“ се утврдува дека е правната врска меѓу граѓанинот и неговата држава. Значи се работи за државјанство што ќе биде македонско/граѓанин на.

За македонскиот јазик – официјалниот јазик, ќе биде македонски јазик. Тој е таков во Обединетите Нации од 77-мата година, меѓутоа заради овој проблем во рамките на ЕУ ние немаме потпишано договор ниту споменато македонски јазик. Ова е многу важно и со ова се афирмира македонскиот јазик.

Во членот 1 има врска со членот 7, каде што ќе поминеме исто така. Термините „Македонија“ и „македонски“ го имаат значењето во член 7, врската меѓу 1 и 7. Во 7 е етничката припадност, во 7 е со идентитетските одредници македонски народ и.т.н., ќе дојдеме и до таму.

Ова се меѓународните кодови коишто остануваат МК и МКД, со исклучок на регистарските таблички. Одиме понатаму.

Има прашања доста – кои се гаранциите? Што ќе се случи и како да веруваме бидејќи со времената Спогодба од 95-та година Грција имаше обврска да не приговара на нашето членство во меѓународни организации, се додека тоа членство е под референцата ПЈРМ –  така беше привремениот правен режим од времената Спогодба од 1995-та година.

Влегувањето во сила на Спогодбата со Грција е врзана со ратификацијата на Протоколот на нашето пристапување, на нашето НАТО членство во грчкиот Парламент. Взаемно се целосно врзани. Спогодбата ќе влезе во сила тогаш кога грчкиот Парламент ќе ја ратификува и Спогодбата и пристапните протоколи за нашето членство во НАТО.

Почетокот на членот 7 е еден од клучните концепти на Спогодбата, каде што двете држави разбираат и прифаќаат дека нивното разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски концепт и културно наследство. За нас термините „Македонија“ и „македонски“ ја означуваат нашата територија, нашиот јазик – македонски јазик, нашиот народ – македонски народ, со сите одлики или атрибути, во англискиот текст е „attributes“, со наша историја, со наша култура, со наше културно наследство. Овде е „heritage“, со наше културно наследство. Значи овде се идентитетските прашања и врската на ова е дадена, претходно видовме во членот 1.

Значи, нашето право на самоопределување и самоидентификација – факт е дека ние имаме направено држава на ова парче земја, факт е дека ова парче земја е дел од историски и географски поширокиот регион на Македонија, има дел и во Грција има дел и во Бугарија. И овде јасно се укажува дека Македонија се однесува на нашата територија, јазикот е македонски, народот е македонски со сите одлики.

Одиме понатаму – Ова е одредба каде што се вели дека одредбите на Спогодбата не можат да обврзуваат изјаснување на граѓаните на Македонија и на Грција во никаква смисла. Не може да влијае на употребата на името, на било какви придавки кон нашите граѓани, кон македонските граѓани и кон грчките граѓани.

Еве го последното – ќе кажам и нешто што исто така е актуелно. Јас ова го повторив неколку пати и во моите настапи, преку традиционалните медиуми и преку социјалните мрежи, во делот на Уставните амандмани. Тие не се напишани, ниту се преговарани. Уставните амандмани ќе ги формулира Собранието на Република Македонија, со големо квалификувано мнозинство, дво-третинско, со јавна дебата, со расправа по комисии, тоа е процес со цврсти рокови коишто се утврдени во деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.

Поентите на 4-рите уставни амандмани се: еден се однесува на географската одредница Северна кон името Македонија. Вториот се однесува да не ги чепкаме границите – уште поцврста гаранција дека нашите граници се тука за да останат, уште поголем чекор од немаше територијални претензии, што исто така е дел од спогодбата.

Ниту Грција има кон нас територијални претензии, ниту Македонија има кон Грција територијални претензии. Грижата за припадниците на македонското национално малцинство во соседните земји ќе се прошири на грижа за целата дијаспора на Република Македонија во целиот свет.

И конечно во делот на преамбулата, нема да се чепка ништо од државно – правниот наратив којшто почнува од Илинденското востание, преку АСНОМ, до референдумот за независност на 8 септември 1991-ва година, туку ќе ги конкретизира, поединечно ќе ги наведе конститутивните одлуки на АСНОМ – тоа се поентите, формулациите не постојат, ниту се преговарани, бидејќи тоа е наша работа, а телото е срцето на нашата демократија – Собранието.

актуелно Грција димитров Европа ЕУ македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.