Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димовски: Да се исполни законската обврска за усогласување на сите плати со минималната
Економија

Димовски: Да се исполни законската обврска за усогласување на сите плати со минималната

септември 27, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) чека да биде повикан на прво рочиште откако на 1 септември поднесе пријава до Основниот граѓански суд со барање да се поведе постапка против Владата поради непочитување на Законот за минимална плата кој предвидува усогласување на платите на сите останати вработени во јавниот сектор онаму каде што државата е работодавач.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција денеска рече дека на суд ќе ги изнесат нивните докази дека работниците се оштетени со тоа што не им се зголемуваат платите за 18,4 проценти согласно Законот за минимална плата.

На истекот на законскиот рок од шест месеци за усогласување на сите плати со порастот на минималната, која во март беше зголемена на 18.000 денари, Димовски одговарајќи на новинарски прашања рече дека издејствувале зголемување на палтите со потпишување колективни доовори во јавни комунални претпријатија во дел од општините, но не успеале, рече, во институците кои се под капа на државата и Владата.

За новата методологија која се спомнува во изминатите месеци, рече, не се известени, а смета и дека методологија веќе постои во Законот за минималната плата. Средби со претставници на Владата ССМ немал од 1 мај, кога разговарале со вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката Јованка Тренчевска за линеарно солидарно зголемување на платите од 2.806 денари.

„Тогаш не се спомнуваше никаква методологија за од август, откога исчезна и социјалниот дијалог и од кога нема повеќе средби, да има изговор дека треба да се направи методологија. Методологијата е јасно впишана во Законот за минимална плата и уште еднаш ќе повторам дека со порастот на минималната плата треба да се усогласат и останатте плати колку што таа пораснала. Имаме законско решение, имаме методологија, нека ја спроведат, а доколку сметаат дека таа не е применлива, ние сме отворени да разговараме за нова методологија. Досега ниту некој нè повикал за да направиме нова методологија, ниту сме консултирани доколку се прави методологија, која е фамозна за нас и за неа се зборува веќе од летото, рече претседателот на ССМ.

Додаде дека ССМ е уште во штрајк во јавниот сектор и се штрајкува секаде каде што нема зголемување по основ на Колективен договор и Закон. Единствено решение на работникот, рече Димовски, е да се освести и да си го побара тоа што му следува со закон и колективен договор.

„Власта е нема за покачување на платите, судовите си имаат постапки, а има и недостиг од судии, така што оваа битка нема да заврши сигурно за помалку од една година. Апелирам таму каде што синдикално се организирани работниците да застанат со нас бидејќи треба да се исполни законската обврска за усогласување на сите плати, и во јавниот, и во приватниот сектор, рече Димовски.

актуелно плати усогласување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.