Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Габриесус, денеска предупреди дека ситуацијата со пандемијата во светот се влошува.
„Иако заразата во Европа, се чини, се олабавува, две третини од новите случаи на Ковид-19 доаѓаат од 10 земји во Северна и Јужна Америка и Азија“, изјави денеска Тедрос, пренесува лондонски Гардијан.
Тој предупреди дека опуштањето е најголемиот непријател на пандемијата и апелираше до сите земји во светот „активно да ја следат епидемиолошката состојба“.
„Без надзор и мерки за заштита можно е вирусот повторно да се прошири“, предупреди директорот на СЗО.







