Државната изборна комисија денеска ќе го дистрибуира доверливиот изборен материјал до општинските изборни комисии.
Карванот на ДИК за дистрибуција на материјалите почнува од Битола, откако доверливите изборни материјали ќе бидат подигнати од печатницата „Киро Дандаро“.
Оттаму карванот на ДИК ќе продолжи со дистрибуција во сите 80 општински изборни комисии, а како што посочија од Комисијата за МИА, дистрибуцијата треба да заврши до крајот на денот.







