Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
СВЕТ

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

мај 31, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 6.211.653 лица.

Од нив починале 372.160, а оздравеле 2.771.603.

–Првиот лек во Русија против Ковид-19 – „Авифавир“, произведен од Рускиот фонд за директни инвестиции и Центарот за високи технологии „ХимРар“–доби одобрение од Министерството за здравство.

Трговското име на лекот е „Авифавир“. Меѓународното некомерцијално или групно или хемиско име е „Фавипивавир“, се вели во регистарот.

–Од 1.717 направени тестови во изминатите 24 часа, на Кипар е регистриран само еден нов случај на Ковид-19, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 944 лица.

–Министерството за здравство на Грција денеска соопшти два нови случаи на Ковид-19.

Од почетокот на епидемијата заразени се 2.917 лица.

–Албанското министертво за здравство и социјална заштита информираше дека во последното деноноќие направени се 225 тестови,при што позитивни на Ковид-19 се 15 лица,од нив двајца здравствени работници.

До сега направени се вкупно 16.175 тестирања а позитивни на болеста се вкупно 1.136 лица.

Излекувани се 872, активни на болеста се 232 лица, од нив 31 се лекуваат болнички,од кои четворица се на интензивна терапија а еден е на респираторна машина.

Министертвото објаснува и околу смртта на 82-годишна жена,која починала во болницата „Шефќет Нроќи“ а боледувала од пулмоларна фиброза, дијабет и ХТА. И покрај напорите на лекарите, неколку часа откако била хоспитализирана, починала.

На тестот направен посмртно било потврдено дека била зазарена и од коронавирус.

Но, таа не е вброена во починатите од Ковид-19,чиј број останува на 33.

–Во Перу се потврдени 7.386 случаи во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени лица изнесува 155.671.

Во тој период починале 141 лице, така што вкупниот број на смртни случаи во таа земја сега е 4.371.

Перу е втора по број на заразени земја во Јужна Америка, само Бразил да повеќе инфекции.

–Носењето заштитни маски на отворено од денеска во Федерацијата на Босна и Херцеговина не е задолжително, под услов да може да се одржи растојание од два метра.

Носењето заштитни маски во затворен јавен простор е се уште задолжително, како и на отворен јавен простор, доколку не е можно да се одржи физичко растојание од два метра меѓу лицата.

Од денеска, стапува во сила дозволено јавно собирање на луѓе за максимум 100 лица во затворено и за не повеќе од 300 лица на отворено.

–Во Кина беа потврдени два нови случаја на коронавирус во последните 24 часа, додека претходниот ден имаше четири.

Во соопштението се додава дека и двата случаја се регистрирани во
провинцијата Сандонг, а истите биле увезени.

Потврдени се и три нови асимптоматски случаи, кои не се вклучени во официјалната статистика во Кина.

Вкупниот број потврдени случаи на коронавирус во Кина е 80.001, а починале 4.634 лица.

–Прв смртен случај од коронавирус беше регистрирана денес во Руанда, соопшти Министерството за здравство.

Починатиот (65) се вратил од соседна земја каде живеел откако се разболел.

Починал од тешки респираторни компликации за време на третманот во болница.

Досега во Руанда се регистрирани околу 360 случаи на заразени.

–Бројот на потврдени случаи на заразени во Германија е зголемен денеска за 286, така што вкупниот број заразени сега е 181.482, соопшти
Институтот Роберт Кох.

Единаесет лица починаа во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 8.500.

–Бројот на активни заразени во Австрија се намали на 377, за 29 помалку од вчера.

Во исто време, бројот на хоспитализирани се намали под 100, а во моментов има 97 пациенти во болници, од кои 27 се на интензивна нега.

Во изминатите 24 часа, бројот на пациенти во интензивна нега е зголемен за четири.

Бројот на смртни случаи остана непроменет неколку дена на 668.

Вкупно 16.637 луѓе се заразени со коронавирусот од избувнувањето на епидемијата во Австрија, што е за 36 повеќе од вчера.

Во исто време, излекѕвани се 15.593, за 73 повеќе од вчера.

–Прв локален случај на коронавирус е регистриран во Хонг Конг од 14 мај.

Се наведува дека 34-годишна жена е на респиратор во одделот за интензивна нега во болница во Шан Тин.

Бројни увезени случаи на коронавирус се пријавени во Хонг Конг од 14 мај, претежно на патници кои се враќале од Пакистан.

Досега, вкупно 1.082 случаи на коронавирус и четири смртни случаи се пријавени во Хонг Конг.

Ковид-19
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.