Собранието на РМ утре ќе треба да го ратификува договорот за добрососедство со Бугарија, откако истиот ја помина собраниската процедура во законодавниот дом во Софија.
Свое обраќање на комисијата за европски прашања ќе има и бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Петков.
Тој ќе треба да ја претстави програмата, но и приоритетите за работата на бугарското претседателство со советот на Европската Унија.
Обраќање пред пратениците исто така во четврток ќе има и генералниот секретар на нато, Јенс Столтенберг, кој претстојнава недела ќе дојде во дводневна посета на Македонија.







