Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Доделени договори за финансирање 17 нови проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија
Во Фокусот

Доделени договори за финансирање 17 нови проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија

јули 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски заедно со министерката за регионален развој и урбанизам на Бугарија, Петја Аврамова вчера во Софија ги доделија договорите за финансирање 17 нови проекти од програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Вкупната вредност на проектите е седум милиони евра од кои 85 отсто се обезбедени од ИПА инструментот на Европската Унија, а 15 отсто од Буџетот на државата преку Министерството за локална самоуправа.

Проектите се имплементираат во три области. Три проекти се во областа на конкурентноста, осум за развој на туризмот, а шест проекти за заштита на животната средина.

„Проектите ќе се имплементиираат со партнери од двете страни на границата, а нивната вредност се движи од 120 илјади до 590 илјади евра по проект“, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Министерот Милевски им честиташе на носителите на проекти и им посака успешна имплементација.

„Соработката во регионот, градењето на добрососедски односи, зближување на луѓето и нивно вмрежување, како и подобрување на квалитетот на живеење во пограничниот регион се огромни придобивки, уште повеќе што во целиот процес се вклучени на голем број на субјекти и луѓе од двете страни на границата. Владата на Република Северна Македонија останува посветена на процесот на интегрирање на земјата во
Европската Унија, а тоа значи градење на европски вредности и стандарди и во тој контекст ни е исклучително важна прекуграничната соработка со сите наши соседи“, рече министерот Милевски.

Министерката Аврамова истакна дека настанот е од исклучителна важност за постигнување на крајната цел на програмата, затоа што средствата се доделуваат на најквалитетните проекти во интерес на граѓаните од регионот.

„Секој реализиран проект придонесува за постигнување на планираните резултати“, додаде Аврамова.

На церемонијата присуствуваа носителите на проекти од двете земји и тоа од Центарот за развој на Источниот плански регион – Штип, Фондацијата за конкурентност за развој на мали и средни претпријатија од Струмица, Асоцијацијата за туризам од Струмица, општините Струмица, Дојран, Куманово и Конче.

Пред почетокот на церемонијата министрите Милевски и Аврамова разговараа за подобрување на ефикасноста и транспарентноста во имплементацијата на проектите за прекугранична соработка.

Беше нагласена заложбата за задржување на трендот од првиот програмски
период за реализација на Програмата за прекугранична соработка од речиси сто отсто.

Тие договорија датум за потпишување на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и Министерството за регионален развој и урбанизам на Република Бугарија за размена на искуства и добри пракси во областите на прекуграничната соработка, регионалниот развој и локалната самоуправа.

актуелно договори ИПА програма финансирање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.