Пулицеровата награда за 2016 година, за новинарството во јавниот интерес ја освоија „Њујорк дејли“ и „Пропаблика“, додека оваа награда за истражуачко новинарство ја доби „Чарлстон газет мејл“, соопшти вечерва одборот за доделување на оваа престижна новинарска награда.
Пулицеровата награда се доделува од 1917 година во САД, а за победниците одлучуваат порамешни добитници и истакнати новинари и академици.
Оваа година, пристигнале повеќе од 2.500 пријави за 21 награда, вклучувајќи 14 за американско новинарство во повеќе категории.
Како што се наведува, до сега добитниците биле од реномирани медиуми, како на пример од Њујорк тајмс, Вашингтон пост, Волстрит журнал …







