Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Донацијата од Град Скопје искористена за психолошка поддршка на погодените од ланскиот пожар во Грција
Скопје

Донацијата од Град Скопје искористена за психолошка поддршка на погодените од ланскиот пожар во Грција

јули 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Докторите, психолозите и социјалните работници од хуманитарната организација „Доктори од светот“, кои на погодените од ланските катастрофални пожари уште од првиот момент им пружија лекарска и психолошка поддршка и помош, благодарение на донацијата од Град Скопје и понатаму ќе продолжат со нивната работа, јави дописничката на МИА од Атина.

Парите одвоени од нашата престолнина за помош на настраданите, општина Атина, во соработка со општина Рафина им ги додели на „Доктори од светот“, додека пак донацијата од град Тирана се искористи за изградба на детски парк.

Речиси една година по катастрофалниот пожар во населбите во поширокиот дел на областа Атика во кој 100 лица го загубија животот, а стотици граѓани останаа без покрив над глава, градоначалникот на Атина, заедно со градоначалникот на Рафина во присуство на претставници од амбасадите на Северна Македонија и Албанија, на две локации во Рафина, ги презентираа проектите спроведени благодарение на донациите од Скопје и Тирана.

Градоначалникот на Атина Јоргос Бруљас, во разговор со дописничката на МИА од Атина, објаснува дека градот има развиено голема меѓународна мрежа и соработува со многу градови од странство. Преку програмата „Athens Partnership“ со донацијата во висина од 50 илјади евра од Тирана изградено е детско игралиште кое беше речиси целосно уништено во пожарот, а со 15-те илјади евра од Град Скопје, „Доктори од светот“ ќе продолжат до октомври, да им нудат помош на оние на кои им е потребна во општината Рафина.

-Од првиот момент откако се случи овој трагичен настан, лани градот Тирана и Град Скопје стапија во контакт со тогашниот градоначалник Јоргос Каминис и дадоа две важни донации. Тирана околу 50 илјади евра, со кои се изгради ова убаво детско игралиште, а Град Скопје 15 илјади евра кои беа дадени на Доктори од светот за психосоматска поддршка на луѓето кои претрпеа шок од катастрофата и им беше потребна помош за да можат да се вратат во нормала, вели градоначалникот на Атина Бруљас.

За распределба на донациите, како што објаснија и првиот човек на грчката престолнина и градоначалникот на општина Рафина, надлежните во општина Атина стапиле во контакт со нивните колеги од општината што беше зафатена од катастрофалниот пожар и побарале да им посочат во кои области им се најпотребни финансиски средства.

-На самиот почеток рековме дека овие донации треба да се искористат прво за поддршка на човечките ресурси, а потоа за инфраструктурите во погодените области. Во овие рамки донацијата од Град Скопје се искористи за психолошко-социјална поддршка на сите овие ранливи групи, бидејќи сите настрадани во пожарот припаѓаат на категоријата ранливи групи граѓани, тоа се луѓе кои имаат сеќавања. На децата одново да им се врати насмевката, и на оние кои живееја трагични ситуации. Мислам дека оваа е од покорисните донации што се направени, вели градоначалникот на Рафина, Евангелос Бурнус во разговор со дописничката на МИА од Атина.

На свеченоста во Рафина, поканети беа и албанската амбасадорка, Адриана Хобдари, но и вршителката на работи во амбасадата на Република Северна Македонија во Грција, Лидија Бошковска, која изразува надеж дека донацијата на Град Скопје е во добри раце.

-Најголемата благодарност оди до докторите кои ја даваат психолошката поддршка на жртвите од пожарите што се случија минатата година што беше огромна трагедија за Грција, меѓутоа трагедија која што може да се случи секаде со овие климатски промени. Тоа го видовме и сега со она што се случи на Халкидики. Се надевам дека донацијата на Град Скопје е во добри раце и ќе помогне за да се надминат проблемите кои што се сѐ уште актуелни и за жал ќе постојат сѐ додека не се затворат конечно раните кај овие луѓе, вели Бошковска за МИА.

Од „Доктори од светот“ помош побарале 685 лица

„Доктори од светот“ уште од првиот момент, односно само три дена по пожарот им излегоа во пресрет на граѓаните погодени од катастрофалниот пожар. Оттогаш, заклучно со крајот на јуни годинава, 685 лица на различна возраст побарале помош од нив, а во истиот период, од 26 јули 2018 до 30 јуни 2019, биле одржани 5.250 сесии со психолози и социјални работници.

– Донацијата дојде во клучен момент и е многу важна за нас, вели Христос Димопулос одговорен за програмата за заштита и интеграција во „Доктори од светот“.

Тој, во разговор за МИА објаснува дека парите од Град Скопје ќе ги покријат потребите за стручен тим, односно за ангажирање на социјален работник и психолог за периодот од 1 јуни до крајот на октомври годинава.

-Во оваа фаза имаме само психолошко- социјални интервенции, од февруари престана лекарскиот дел, па така сега имаме три видови на интервенции: индивидуални сесии со психолог за терапија, имаме групни сесии исто така со психолог, но и со социјален работник и имаме и социјални случаи каде што е само социјален работник кога се работи за многу сиромашно население кое паралелно беше погодено од пожарот, а со тоа се зголемија проблемите што ги имаше и потребна е длабока работа, со комбинација на службите на поддршка, објаснува Димопулос.

актуелно град скопје Грција донации
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.