Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Донација од американската Амбасада во заштитни средства за организација на изборите
Македонија

Донација од американската Амбасада во заштитни средства за организација на изборите

јули 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Амбасадата на САД во земјава денеска на Државната изборна комисија и предаде донација од 50.000 заштитни маски и 10.000 дезинфициенци како помош и поддршка во напорите на Владата да се одржат безбедни избори и да се заштити здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес.

„Чест ми е што сум тука со претседателот на ДИК Оливер Дерковски да му ја предадам оваа донација во иметот на Владата на САД. Се надеваме дека оваа донација ќе даде придонес на напорите на Владата на Северна Македонија да се одржат сигурни и здравствено безбедни избори“, рече американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, и притоа потенцира дека САД ја поздравува Владата за нејзината посветеност на демократските вредности, како што рече, дури и за време на овие тешки времиња.

Таа потенцира дека заштитната опрема и дезинфициенците се исклучително барани во светот за време на оваа пандемија бидејќи, како што рече, сите земји се обидуваат да обезбедат доволно количини за да ги заштитат своите граѓани.

„Ние сме задоволни од тоа што Владата презема активни мерки да овозможи да се одржат безбедни избори и да ги заштитат граѓаните и лицата кои се вклучени во организацијата на изборниот процес“, рече таа додавајќи дека ова е особено важно и поради тоа што ова се први избори кои се организираат во земјава во услови на пандемија.

САД, потенцира американската амбасадорка, „остануваат посветени поддржувачи на нашиот партнер Северна Македонија–нашиот нов НАТО сојузник во справувањето со оваа глобална криза“.

Претседателот на ДИК Дерковски, се заблагодари за одѕивот на
американската Амбасада на повикот на Комисијата за поддршка во
неопходните санитетски материјали.

„Десет илјади средства за дезинфекција и 50.000 заштитни маски кои се
донација од американската Абасада и нејзините организации и те како ќе ни помогнат во организација на овие избори, се со цел да овозможиме нашите граѓани да им биде обезбедена најголемата можна заштита при изборниот процес“, рече претседателот на ДИК.

Тој изрази надеж и уверување дека соработката на ДИК и американската Амбасада и во иднина ќе продолжи во, како што рече, во овој правец во кој се движела порано и сега.

актуелно американска Амбасада донација заштитни средства избори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.