Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Донирана опрема, добра и финансиски средства за Министерството за здравство за справување со коронавирусот
Во Фокусот

Донирана опрема, добра и финансиски средства за Министерството за здравство за справување со коронавирусот

април 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за здравство изразува голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.

Особена благодарност, од Министерството за здравство упатуваат за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот.

„Донациите во опрема и добра за Министерството за здравство вклучуваат медицинска опрема за потребите на Инфективната клиника, Клиниката за детски болести, Клиника за неврохирургија, КАРИЛ, како и за други здравствени институции и тоа: апарати за механичка вентилација, рентген апарати, бронхоскоп, респиратори, инфузиомати, ЕКГ апарати, дефибрилатори, аспиратори за сукција, пациент монитори за инвазивно мерење притисок, батерии за рентген апарати, апарати за лабораторија, кислородни маски, пулсоксиметри, китови за тест корона, апарати за прочистување на воздух, значителна количина заштитни наочари, визири, скафандери, маски, потребни лекови и медикаменти, потрошен материјал, како и немедицинска опрема и други потреби пред се на Инфективната клиника–возила, машини за перење, сушење, бојлери за топла вода, кревети, фолија за маневарска болница, пешкири, постелнини, козметички производи, вода, софтверска апликација“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Како што информираат оттаму, дел од материјалите и апаратите се веќе пристигнати, а дел се нарачани од донаторите и во текот на наредната недела се очекува пристигнат во Инфективната клиника и на другите локации според потребата.

Покрај донациите во опрема и добра, на наменската сметка на Министерството за здравство за донации до сега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари.

Од Министерството за здравство, благодарност упатуваат за поддршката во вид на донации од страна на германската, кинеската, швајцарската и американската Амбасада, за донациите од Турција и Чешка пристигнати преку СЕП, потоа ИГМ Трејд, Алкалоид АД Скопје, ЕВН Македонија, Државна видеолотарија на Македонија, Стопанска Банка АД Скопје,
Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Тутнска банка, АТС Груп, Тотал ТВ, Аутомотив Груп, Аутомобиле СК, Филип Морис, Макпетрол АД Скопје, Атлантик Груп, Цементарница Усје, ОКТА, Гранд експорт ДООЕЛ, Битолска млекара, Адинг, СиТ Македонија, Горска вода, Некстсенс, Еуропоинт, Моцарт обложувалници, Агенција за аудио-визуелни медиумски услуги, КИБС, Агенција за разузнавање, Новонордиск, Шпаркасе и Охридска банка, Кронберг и Шуберт, Сава Осигурување, ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани, Ваурон, Леов, Рамстор, Лукоил, Реплек, Тотал инженеринг, Антхура Кочани, Илинден АД Струга, Генерал електрик, БиМек, Санофи, Авицена, Лек Скопје ДООЕЛ, Рош Македонија, Еурофарм, Теди компани, Фитофарм, Мак медика, Витаминка Прилеп, Макпрогрес, Скопстер, Макаус, Лајфвоч, Тинекс, Линеа, Ротари клуб, Алансер, Град Скопје, општина Студеничани, Дени Интернационал, Хриливел Скопје, Фас Вас Васко, Здружение на возачи Охрид, ЦВО Брокер Охрид, Адвокат Иван Симоновски, ИмагеПР, Кара констракшн, Порд машинопроект, Аптив, Етерна, Зобек Мининг, 360 степени, Златекс, Медарско здружение Матица, Гицко, индивидуалните донатори, но и сите оние поединци и компании кои донираат директно во другите здравствени установи и за различните групи на население.

Листата на донатори која е објавена овде ги вклучува донаторите кои директно контактирале со Министерството за здравство и имаат потпишано договор за донација, односно имаат веќе донирано добра или средства.

Голем број на компании пројавија интерес за донација и тие ќе бидат објавени по реализацијата на донацијата, односно по потпишувањето на договор за донација.

За сите поединци или компании кои се заинтересирани да донираат заштитна опрема, медицинска опрема или медицински помагала или материјали, како и било какви други средства, добра и услуги кои се потребни за справување со коронавирусот (2019-nCov), тоа може да го направат во директна соработка со одговорните од Министерството за здравство.

Конкретни инструкции за постапката за донација може да се добијат со контактирање на одговорното лице на е-маил адресата: sandra.velovska@zdravstvo.gov.mk.

 

актуелно коронавирус Министерство за здравство опрема финансиски средства
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.