– Компанијата „Бест Веј Инвестмент“ соопшти дека обезбедила 5.300 тестови за утврдување на Ковид-19, во од 3.095.730 денари (50.000 евра) за потребите на
Министерството за здравство. Tестовите се производство на компанија „Abbott Molecular inc“, која е еден од пионерите на тоа поле во светот.
Преку овие тестови, како што се посочува, може да се идентификуваат лицата кои стекнале имунитет на Ковид-19.
Тестовите, исто така го идентификуваат присуството на коронавирусот со 100 отсто сензитивност на луѓето кои се заразени, како и на оние кои биле заразени, а кои имале благи или пак воопшто немале симптоми. Овие тестови се новитет и се први кои пристигнуваат во државава.
Досега Америка, Англија, Израел и други земји порачаа повеќе од 30 милиони парчиња од овој тест, наведуваат од компанијата.







