Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Доставени рекорден број инвестициски планови, ќе се бара модел за поддршка и на големите бизниси
Економија

Доставени рекорден број инвестициски планови, ќе се бара модел за поддршка и на големите бизниси

јули 23, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Посебен модел за поддршка на извозните компании и големите бизниси, најави денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски.

На прес-конференција во Владата, прва по предвремените парламентарни избори, Деспотовски соопшти дека со рекорден број пријавени инвестициски планови, 166, и 90 отсто побарувани средства од проектираните, се заокружува првиот циклус од јавниот повик за економско заздравување на компаниите, реализиран преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Како што рече презентирајќи ги резултатите, од пријавените 166 инвестициски планови, 88 проценти или 146 продолжуваат во следната фаза – на евалуација, додека остатаните 20 или 12 отсто го завршуваат процесот тука.

И овој пат во доставените апликации, посочи Деспотовски, не доминира само ИТ секторот, туку се застапени околу 15 дејности меѓу кои здравство, креативни технолгоии, угостителство, земјоделство, електроника, транспорт, градежништво, текстил, образование, продажба, трговија,…. Рамномерно се поттикнува и регионалниот развој, со тоа што има инвестициски планови од секаде, не само од скопскиот регион, но се поттикнува и женското претприемништво ако се земе предвид дека 44 отсто од компаниите имаат лидер или сопственик жена – претприемач.

Во однос на обемот на компаниите, најзастапени се апликации од мали фирми, 51 отсто, како и од микро претпријатија, 42 процента. За големите бизниси кои не се опфатени со поддршката, Деспотовски рече дека ќе се креира нов модел заедно со стопанските комори.

Директорот на ФИТР потсети и дека средствата од овој повик не се неповратни, туку компаниите ќе мора да ги вратат во наредните три години од реализираната добивка.

Вкупниот инвестициски циклус за периодот 29 мај – 03 јули е 291,709,7995 денари. Од овие, побаруван износ од ФИТР е 178.984.951 денари или 61 отсто, додека 39 проценти или 112.718.848 денари се сопствено кофинансирање од компаниите.

-Резултатите од овој прв циклус покажуваат дека дел од домашната економија веќе размислува за заздравување и има конретни инвестициски планови. За неполни 45 дена имавме рекродно голем интерес. Над 2.100 компании подигнаа апликациски пакети што е индикатор дека домашната економија овој период на преживување го трансформира во период на размислување како да се развива, истакна Деспотовски.

Според него, првично предвидените 200 милиони денари од Програмата за економско заздравување, 90 отсто се очекува да бидат реализирани со првиот циклус.

-Ова подразбира дека за секој следен циклус, а првиот таков ќе биде кон крајот на август, ФИТР ќе треба да обезбеди дополнителни средства, потенцира Деспотовски.

На прес-конференција во Владата, прва по предвремените парламентрани избори, тој објасни дека фазата на претселекција на компаниите ќе заврши до крајот на следната недела, а финалната селекција до средината на август. Резултатите, пак, би можеле да се очекуваат во втората половина на август.

Деспотовски рече и дека во пресрет на второт циклус ќе им се пристапи на сите 2.100 компании кои изразиле интерес за поддршка, преку коморите, со анкета.

-Ќе бидеме отворени за сите нивни сугестии и предлози за дополнително унапредување на овој модел на поддршка. Следниот циклус ќе размислиме и за проширување на поддршката, разговараме за посебна мерка за извозната дејност. Во почетокот на септември, со вториот циклус на поддршка можеме да очекуваме продолжување на оваа поддршка и евентуално дополнителни мерки кои ќе произлезат од консулатциите со коморите. Апелирам до сите домашни комапании активно да се вклучат во овој процес, да дадат свое мислење, предлози и сугестии, нагласи директорот на ФИТР.

На првиот циклус од повикот за економско заздравување, 76 отсто од пријавените се компании кои првпат аплицираат за користење средства, додека 16 отсто претходно аплицирале, но не добиле пари. Осум отсто, пак, се фирми што веќе користеле средства од ФИТР.

инвестициски планови поддршка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

јуни 8, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

мај 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.