Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Дојче веле“: Британците одат кон бездна
Европа

„Дојче веле“: Британците одат кон бездна

јули 11, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се додека Конзервативната партија во Британија не разјасни со тоа кој го води главниот збор за Брегзит, Брисел е приморан да чека, а додека во Лондон се води борба за власта – државата и натаму се движи кон бездната, оценува Барбара Везел, авторка на текстот кој вчера го објави медиумската куќа „Дојче веле“.

Оставка вчера најнапред поднесе министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, а потоа и министерот на надворешни работи и водеќкиот заговорник за излегување од ЕУ, Борис Џонсон, претчуствувајќи го обидот на премиерката Тереза Меј својот кабинет да го поведе кол „полесно“ излегување од Унијата.

Координираните оставки на двајцата нејжестоки идеолози на Брегзит, ја водат владата на Тереза Меј во хаос и ги рушат надежите на Унијата дека во следните неколку недели би можеле да почнат конкретни разговори за договорот за раскин и за идните односи, се наведува во текстот.

Уште минатиот петок Меј се обидела, со некаква изненадувачка акција, да го примора својот завојуван кабинет за единство, но таа, како што било заклучено, се покажала како потполно погрешна, укажува авторката, потсетувајќи дека британските конзервативци се длабоко поделени кога станува збор за тоа колку после Брегзит би требало да имаат работа со Европа.

„Тврдокорните не се подготвени на компромиси, додека умерените пратеници во Долниот дом на парламентот сметаат дека „тврдиот“ Брегзит за кое сонува другата страна е – лудост. Преку тој понор нема мост. Премиерката се држи на власт, но е неизвесно дали ќе го преживее гласањето за доверба. Се што ја штити е сознанието дека моментно нејзината тешка работа никој не може да ја извршува подобро од неа“, оценува Везел.

Од друга страна, на радикалните заговорници за Брегзит им недостасува поддршка во парламентот, па така Џејкоб Рис-Мог, кој секогаш одново се враќа во игра, не е во состојба да собере мнозинство.

„Состојбата делува како пропадната и безнадежна. Владее хаос, а бурните сцени во Долниот дом во парламентот не водат кон правење доверба“, така е опишана во текстот на „Дојче веле“ моментната состојба во Британија.

Се оценува и дека Брегзит, како и Конзервативната партија, ја расцепкуваат Велика Британија и дека го трујат политичкото милје.

Европската унија веќе со месеци ја моли британската влада да не преговара сама со себе, туку со Брисел, но наместо да биде подобро, се е полошо, заклучува авторката.

И покрај се, како што наведува, Тереза Меј смета дека нејзините прелози за „помек“ Брегзит покажуваат резултати, но нејзините предлози кои се на маса служат исклучиво на британските интереси и затоа во најдобар случај би можеле да бидат основа за понатамошни преговори.

„Таа шарена мешавина, која се состои од малку царинска унија и дел од заеднички пазар – по британски вкус, во таа форма не е прифатлива за Европската унија. Потребни се понатамошни компромиси и детални преговори, за од нив да произлезе прифатливо решение и за европската страна“, се наведува во текстот.

Се предупредува и дека, дури и ако Тереза Меј ја преживее актуелната борба со своите домашни „тврдокорни“, премиерката може да се најде во нови исклучително тешки проблеми многу подоцна, ако Брисел не сака да и го даде тоа што таа го сака.

Барбара Везел патем забележува дека постојаните кошкања во британската влада за ЕУ се одвишно и несакано одвлекување од проблемите, додека моментно има поважни работи со кои треба да се занимаваат, како што е претстојниот самит со Трамп, како и неговата ништо помалку опасна средба со Путин, спорот во врска со бегалската политика и јакнењето на популистите во Полска, Италија и Австрија.

Наместо тоа, оценува Везел, силата и времето се трошат на разговори за Брегзит кои се вртат во круг при што „делува дека тврдите заговорници на Брегзит во Велика Британија не ја сфаќаат состојбата во светот и дека со својата немилосрдна преценетост веруваат дека се во состојба самите да излезат на крај со сите тие предизвици“.

Но, се додека владата во Лондон еднаш засекогаш не разјасни кој го води главниот збор кога е во прашање истапувањето од Унијата и кој ќе го застапува мнозинството во Брисел, бесмислено е да бидат продолжени преговорите. Дипломатите во ЕУ се приморани да чекаат додека во Велика Британија не заврши битката за моќ. И ако немаат среќа, веќе договорените делови од договорот за раскин на соработката би можеле да се изјаловат.

„Се чини дека во Велика Британија делови од владеачката партија месечарејќи одат кон безбдна. И како никој во Европската унија да не е во состојба да го спречи тој пад“, заклучува авторката на текстот во „Дојче веле“.

актуелно Брегзит Брисел Договор Европска унија лондон
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.