Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » До крајот на годинава ќе се подигнат четири модуларни бопници, најави Филипче
Во Фокусот

До крајот на годинава ќе се подигнат четири модуларни бопници, најави Филипче

ноември 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Четири модуларни болници до крајот на годинава ќе добијат Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга каде ситуацијата е приоритетна за зголемување на болничките капацитети за лекување на пациентите од Ковид-19“, изјави министерот за здравство
Венко Филипче денеска во Прилеп каде се проценуваше епидемиолошкјата состојба во градот и е констатирано дека досегашните мерки се доволни за справување со ситуацијата, а болницата одлично функционира.

Според Филипче монтирањето на модуларните болници почнува овој месец, а треба да заврши до крајот на годинава.

Приоритет имаат Куманово и Струмица, а потоа и Гевгелија и Струга.

„Монтирањето на модуларните болници почнува во текот на овој месец и ако се одвива планот, до Нова Година веќе треба да има поставено четири модулари болници. Најкритични, во поглед на капацитетот се Куманово и Струмица и таму е даден приоритет“, изјави Филипче.

Државата, како што вели, има повеќе од доволно брзи тестови.

Со донациите на располагање се преку 100 илјади.

„Брзите се прават кај симптоматските случаи во првите пет дена кои даваат јасна индикација. Брзи тестови имаме повеќе од доволно. Досега како донација се стигнати 20 илјади тестови, а 13 илјади се веќе поделени. Вчера добивме голема донација од 13 илјади брзи тестови од норвешкото Министерство за одбрана, а тука се и нашата и поставката на Светската банка за набавка. Така што имаме над 100 илјади брзи тестови и тоа не е доведено во прашање“ рече Филипче.

Министерот за здравство воопшто не го оправдува тоа што се случува пред Ситимол со турканиците, но конкретно не одговори дали треба да се вклучи Армијата за правење ред.

Припадниците се вклучени пред здравствените институции и има ефект.

„Воопшто не го оправдувам она што го видов и јас, мешаниците во Ситимоловите. Мора да се почитуваат мерките. Затоа е забрането групирањето. Инаку, распоредувањето на припадниците на Армијата со кризната состојба е овозможено пред здравствените институции. А таму има ефект“, изјави Филипче опдговарајќи на новинарско прашање за турканиците викендот.

Филипче е категоричен дека има доволно бесплатни вакцини против сезонскиот грип во сите градови. Направен е распоред за наредните недели

„Бесплатни вакцини против сезонскиот грип ќе има за сите градови. Направен е распоредот за следните недели. Како што се исцрпуваат термините за закажување следуваат нови“, рече Филипче при денешната посета на Прилеп.

актуелно модуларни бопници филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.