Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » До крајот на месецов земјоделците ќе можат да купуваат „зелена нафта“
Економија

До крајот на месецов земјоделците ќе можат да купуваат „зелена нафта“

јули 15, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

До крајот на месецов земјоделците ќе можат да користат субвенционирано гориво.

Договорот за „зелена нафта“ денеска го потпишаа директорот на Платежната агенција Николче Бабовски и директорот на АД „Макпетрол“ – малопродажба Зоран Доневски.

За максимум два месеца „Макпетрол“, кој го доби тендерот, треба да ги испорача сите персонализирани картички за „зелена нафта“, а распределбата ќе оди фазно, по подрачни единици.

Предвидено е 55.000 земјоделци да добијат персонализирани картички и со нив, на сите бензински пумпи на „Макпетрол“, 125 низ државата, да купуваат исклучиво „ЕУРОДИЗЕЛ“ за земјоделска механизација.

Картичките ќе бидат со различен вредносен износ, од 500 до 100.000 денари, зависно од големината на пријавената површина и видот на културите.

„Кој колку пари ќе има на картичката ќе зависи од големината на површините и видот на земјоделските култури, но покриени ќе бидат сите земјоделци, и оние со најмали парцели од 0,2 хектара. Целта на оваа мерка која се однесува на лозарството, овоштарството, поледелството и градинарството, е да ги поттикнеме производителите да го зголемат производството, но и да им помогнеме тоа да биде поевтино, со помали
трошоци“, истакна Бабовски по потпишувањето на Договорот.

Доневски потенцира дека горивото на „Макпетрол“ е квалитетно и дека нема да ги загрози земјоделските машини, туку напротив, драстично ќе ги намали производните трошоци, а земјоделците ќе може да купуваат нафта и на бензинските во руралните средини.

„Иако имаме максимум 60 дена за достава на картичките до Платежната агенција, сметам дека ќе ги испорачаме за многу пократко време бидејќи сме подготвени веднаш да почнеме со нивно печатење откако ќе ги добиеме податоците за земјоделците“, нагласи Доневски.

Според министерот за земјоделство Трајан Димковски кој присуствуваше на потпишувањето, се остварува ветеното дека во првите две години од доаѓањето на оваа власт земјоделците ќе добијат субвенционирано гориво.

„Со оваа мерка, 200.000 милиони денари се враќаат назад кај земјоделците. Тоа ќе значи голема поддршка за нив, ќе им ги намали производните трошоци, ќе им ги зголеми приходите и ќе им го направи производството поекономично“, рече Димковски.

Потсети и дека засега со оваа мерка се субвенционираат 30 отсто од трошоците за набавка на нафта, но овој процент може да се зголеми до 50 проценти.

Анализите покажуваат дека најмногу гориво или 150 литри на хектар се троши за овошните насади, 120 литри за лозје и градинарски култури, а 60 литри за поледелско производство.

Директорот Бабовски уште еднаш апелира при првото полнење нафта со картичката, земјоделците задолжително да ја проверат состојбата на картичката и да ја споредат со износот на одобрената финансиска поддршка потврдена во решението.

Проверката се прави на касата на бензинските станици на „Макпетрол“.

актуелно зелена нафта земјоделци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.