Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » До четврток одлука за евентуално враќање на рестриктивните мерки
Македонија

До четврток одлука за евентуално враќање на рестриктивните мерки

јуни 2, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Се уште нема одлука во однос на можноста за враќање на рестриктивните мерки, кои што ги најавивме во текот на вчерашниот ден, во смисла на тоа дека Комисијата за заразни болести ги разгледува. Ги следиме информациите, бројките од денеска, ќе ги следиме и во текот на утрешниот ден или во четврток ќе се донесат соодветни одлуки.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека Комисијата за заразни болести интензивно работи, анализира податоци, секој изминат ден кумулативно, две консекутивни недели и врз основа на тоа се димензионираат мерките.

Според него, во тек се анализите на новодијагностицираните пациенти и се прават анкети во скопските општини и во регионот на Куманово.

-Засега нема податок дека е нешто непознато или нешто може да изненади во смисла на нов кластер. Но внимателни сме одлуката ќе ја носиме во следните неколку денови, сигурно до четврок имајќи предвид дека и во петок има празник, во кој што може да се случи граѓани да не ги почитуваат превентивните мерки. Во однос на тоа како ќе се изведе, сигурно добро ќе се разгледаат регионите, па потоа ќе разговараме со
одговорни лица во МВР, кои што евентуално би го организирале сето тоа. Знаеме дека е покомплицирано во рамките на еден голем град како Скопје. Тоа беше сосема поразлично во Дебар и во Куманово. Сега засега нема таква одлука. Јас верувам дека има можност да се избегне, но не можам тоа да го тврдам. До четврток ќе се донесе дефиниотивна одлука за тоа како ќе се организра движењето во текот на викендот, појасни Филипче на новинарско прашање.

Во Комисијата за заразни болести, нагласи, членуваат врвни експерти кои имаат огромно искуство, и во својот професионален делокруг на делување како епидемиолози, инфектолози, интернисти, лекари, кои искуството го црпат и од справувањето со претходни епидемии и пандемии, како онаа на САРС, кога се изготвени и многу протоколи.

– Секогаш со препораки и соработка со Светската здравствена организација, протоколите се користеа и на почетокот на оваа епидемија, кај нас нормално се модифицираа согласно карактеристиките на болеста но нивната експертиза помогна многу да се имплементираат, да дадат некаков соодветен тајминг и постептено да се олабават согласно податоците, бројките кои секојдневно се анализираат. Многу пати досега спомнавме дека и граѓаните се еден од најважните делови од целокупниот систем, влогот на граѓаните, поддршката на институциите се клучни во справување како со други така и со оваа кризна состојба која го погодува целото општество. Сите сме засегнати, и како поединци, и како држава, и сите придонесуваме во решавањето на овој проблем, истакна Филипче.

Тој упати пораки до граѓаните дека игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои, нема да помогне во надминувањето на оваа состојба.

– Секаде во светот станува збор за имплементирање на истите мерки за заштита на населението и елиминирање или намалување на ризикот од ширење на заразата.

Маската, дистанцата, редовното миење, дезинфекција на раце, се единствениот механизам што може да не заштити и како поединци, и како општество. Граѓаните кои се одговорни, кои доследно се придржуваат до овие мерки, треба да бидат пример за сите останати поради тоа што рестрикциите и повторното затворање се непожелни, и ние може да ги избегнеме само доколку се однесуваме дисциплинирано и ги прифатиме овие нови правила што впрочем не се само во нашата земја, туку и во сите други земји во регионот, во Европа, практично во целиот свет, додаде Филипче.

актуелно враќање одлука полициски час
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.