Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДРАМА ВО БЕЛГРАД: Ученик пукал во училиште, има мртви и ранети
Во Фокусот

ДРАМА ВО БЕЛГРАД: Ученик пукал во училиште, има мртви и ранети

мај 3, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во основното училиште „Владислав Рибникар“, во белградската општина Врачар, утрово околу 8 часот имало пукање.

Ученик од седмо одделение со пиштол стрелал во наставници и ученици и кон обезбедувањето.

Мотивот за нападот засега не е познат.

Во улицата веднаш до школото се паркирани повеќе полициски коли и возила на Итна медицинска помош. Сите околни улици и приоди кон училиштето во моментов се затворени, а на терен се силни полициски сили.

Децата се евакуирани и се на безбедно растојание од местото на инцидентот

Според првите сеуште непотврдени информации убиен е чуварот на школото, а наставничка по историја е тешко ранета и има други повредени.

РТС информнира дека наставничка и три деца биле примени во Ургентниот центар во Белград, а дека сите имаат прострелни рани во пределот на градите.

Н1, пак, јавува дека заради настанатата ситуација затворени биле сите приоди со возила до „Ургентен“.

Пукањето се случило во ходникот на училиштето, а во училницата по историја бил пронајден ранец во кој имало пиштол и неколку шишиња со запалива течност.

Засега не е познато дали ранецот му припаѓа на напаѓачот.

Српски „Данас“ пишува дека четиринаесетгодишиот К.К. пет минути пред крај на првиот час влегол во училишната зграда и почнал да пука. Во информацијата се наведува дека детето било повлечено и дека никогаш немало проблем со кој било од неговите другари и со наставниците.

Од Министерството за внатрешни работи на Србија велат дека во 8.40 часот било пријавено дека во училиштето „Владислав Рибникар“ имало пукање.

Во соопштението наведуваат дека полицијата ги упатила сите расположливи патроли кон местото на настанот и го уапсила осомничениот малолетник, ученик во седмо одделение, кој, како што се сомнева, од пиштолот на татко му истрелал повеќе куршуми во правец на ученици и обезбедувањето на ова школо.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: „Данас“)

актуелно Белград Инцидент пукање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.