Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДРАМА ВО ИЗРАЕЛ: Десетици илјади луѓе на улица, претседателот апелира: „Ве молам, за доброто на народот…“
СВЕТ

ДРАМА ВО ИЗРАЕЛ: Десетици илјади луѓе на улица, претседателот апелира: „Ве молам, за доброто на народот…“

март 27, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Израелскиот претседател Исак Херцог ја повика вчера владата да ја запре контроверзната реформа во правосуството, еден ден откако премиерот Бенјамин Нетанјаху го смени својот министер за одбрана затоа што се спротивстави на потегот, што предизвика масовни улични протести.

„За доброто на единството на народот на Израел, заради одговорноста, ве повикувам веднаш да го прекинете законодавниот процес“, порача Херцог на Твитер.

Апелот на Херцог дојде откако десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на израелските градови, во уште една драматична и немирна ноќ какви што, од почетокот на новата влада на Нетанјаху, имаше повеќе.

Нетанјаху вчера го отпушти својот министер за одбрана, Јоав Галант, еден ден откако тој повика на едномесечна пауза во процесот на контроверзната судска реформа што владата сака да ја спроведе.

„Премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи да го разреши министерот за одбрана Јоав Галант“, кратко вчера соопштија од кабинетот на премиерот.

Галант, член на истата десничарска партија Ликуд како и Нетанјаху, во својот говор во саботата вечерта рече дека евентуалното продолжение на поделеност околу ова прашање ќе биде „вистинска закана за израелската безбедност“.

Протести се одржуваат секоја недела откако во јануари годинава владата на Бенјамин Нетанјаху, една од најдесните во историјата на Израел, предложи план за реформа кој ја подели земјата. Реформата треба да го зголеми влијанието на пратениците врз судовите.

Нејзините критичари истакнуваат дека тоа ги загрозува демократските принципи на израелската држава.

Нетанјаху и неговите сојузници, крајно десните и ултраортодоксни партии, оценуваат дека планираната реформа е неопходна за да се воспостави рамнотежата на силите меѓу пратениците и Врховниот суд, кој тие го сметаат за политизиран.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП / Ахмад Гарабли)

актуелно Бенјамин Нетанјаху Израел Протести реформа суд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.