Четири лица се повредени во напад со нож во метрото во источниот француски град Лион, што се случи вчера попладне, а напаѓачот, 27-годишен Мароканец, е уапсен.
„Маж ‘вооружен со нож’ е приведен во полиција“, изјави за АФП обвинителот Тиери Дран.
Инцидентот се случил околу 14 часот и 40 минути на линијата Б, во близина на Плоштадот Жан Жор.
„Две жртви се здобиле со повреди во пределот на стомакот, а третата во раката, и нивните животи не се во опасност“, соопшти полициски извор.
Претходно беа споменати „три жртви“.
„Осомничениот е од мароканска националност, има 27 години, но нема полициско досие. Досега неколку пати бил хоспитализиран поради психијатриски проблеми“, се вели во полициското соопштение.
Полициски извор истакнал дека „нема никакви елементи“ кои би упатувале на тероризам.
На прашањето за можното испраќање на уапсениот на суд заради терористички напад, од Канцеларијата на државниот обвинител за борба против тероризмот за АФП изјавиле дека одлуката е „во фаза на проценка“.
Засега покрената е истрага за „убиство во обид“, соопштија обвинителите.
(Фото: Оливиер Шасигњол / АФП)







