Тројца затворски службеници се убиени, а еден затвореник избегал по напад на полициски конвој во Франција.
Уште три лица се тешко повредени откако се случил, како што е пријавено, „напад со автомобил“ на автопатот во Еуре, на северозападот од земјата.
Човекот кој избегал, осуден за кражби, имал прекар „Мува“, пишува „Ле Парисиен“.
Побегнал заедно со екипата која го нападнала конвојот, додава францускиот весник.
Нападот во кој учествувале неколку вооружени мажи, се случи денеска околу 11 часот на патарина на автопатот А154.
Францускиот министер за правда, Ерик Дупон-Морети, на „Х“ објави: „Во Еуре беше нападнат затворски конвој.
Двајца наши затворски службеници се убиени, тројца се тешко повредени. Сите мои мисли се со жртвите, нивните семејства и нивните колеги.“
Дупон-Морети објасни дека нападот се случил за време на префрлањето на затворениците од судот во затворот во Роуен, а неговите соучесници „не се двоумеле да пукаат на затворските чувари користејќи тешко оружје“.
Нагласи дека „ќе се направи се за да се пронајдат сторителите на ова грозоморно злосторство“.
„Сторителите се луѓе за кои животот нема вредност.
Тие ќе бидат пронајдени и казнети на начин сразмерен на злосторството“, рече министерот Дупон-Морети.
Како што информираат француските медиуми, едниот од убиените полицајци зад себе оставил сопруга и две деца, а другиот сопруга која е во петти месец од бременоста.
На платформата „Х“ се огласи и францускиот претседател, Емануел Макрон, кој истакна дека нападот утринава е шок за сите.
„Нацијата стои до семејствата, повредените и нивните колеги. Се прави се за да се пронајдат сторителите на ова злосторство за да може правдата да биде задоволена во име на францускиот народ“, рече Макрон.
Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, рече: „Се користат сите средства за да се пронајдат криминалците. Според моите упатства, мобилизирани се неколку стотици полицајци и припадници на жандармеријата.“
(Фото: „Х“)







