Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Драстичен пад на цените на нафтата
Берза

Драстичен пад на цените на нафтата

јануари 9, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На светските берзи цените на нафтата во првата недела од новата година драстично паднаа, бидејќи трговците стравуваат дека поради забавувањето на растот на најголемите светски економии ќе ослабне побарувачката за неа.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 8,5 отсто, на 78,57 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 8,1 отсто, на 73,77 долари.

Откако во претходните три недели пораснаа за околу 13 отсто, минатата недела цените на нафтата изгубија добар дел од тие добивки.

Ова е резултат на загриженоста за побарувачката, особено од Кина, најголемиот увозник на „црното злато“ во светот.

Откако три години водеа политика на „нулта толеранција“ за корона вирусот, кинеските власти брзо ги попуштаат рестриктивните мерки, кои треба да го забрзаат растот на втората по големина економија во светот.

Меѓутоа, следните месеци ќе бидат многу неизвесни бидејќи вирусот брзо се шири, па многу болници и гробишта известуваат дека се под притисок поради големиот број заразени и починати од Ковид.

Сето тоа може да ја ослаби побарувачката, на што укажува и одлуката на Пекинг за зголемување на квотите за извоз на деривати.

Аналитичарите сметаат дека расположението на пазарот било расипано од пандемијата во Кина и предизвиците на нејзиното отворање, што ја доведе во прашање тезата дека побарувачката ќе закрепне и дека цените ќе пораснат.

Трговците ги загрижи и предупредувањето на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, дека оваа година ќе биде потешка од минатата, поради истовременото забавување на економиите во САД, Кина и Европа и дека земјите кои сочинуваат околу една третина од светската економија би можеле да паднат во рецесија.

Забавување на растот на економијата се очекува заради тоа што американската и европската централна банка, како што најавија, и оваа година повторно ќе ги креваат каматните стапки за да ја потиснат инфлацијата.

Изгледите за светската економија ќе играат во новава година „многу поважна улога“ во движењата на цената на нафтата отколку производната политика на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници, сметаат аналитичарите на германската Комерцбанк.

Индикациите за закрепнување на активностите „во клучните економски области“ повторно ќе ги подигнат цените на нафтата на лондонскиот пазар на 100 долари, потенцијално од вториот квартал па натаму, проценуваат во германската банка.

Во анкета на Ројтерс, пак, 30 аналитичари проценуваат дека оваа година цената на барелот во Лондон ќе биде во просек околу 89,40 долари.

На американскиот пазар, пак, според проценките, просечната цена би можела да биде околу 84,85 долари.

Минатата година цените на нафтата на пазарот во Лондон пораснаа за околу 10 отсто, што е најмногу последица од пореметувањата на пазарот поради војната во Украина, додека една година пред тоа, благодарение на заздравувањето на светската економија од коронакризата, скокнаа за повеќе од 50 отсто.

актуелно барел економија Кина ковид корона лондон нафта ОПЕК
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.