Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДРАСТИЧНА МЕРКА: Финска затвора дел од граничните премини со Русија
Европа

ДРАСТИЧНА МЕРКА: Финска затвора дел од граничните премини со Русија

ноември 17, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Финска ќе затвори четири од деветте премини на границата со Русија за да го запре приливот на баратели на азил во оваа нордиска земја, изјави вчера премиерот Петери Орпо.

Финскиот претседател во средата рече дека се чини оти зголемениот број баратели на азил кои пристигнуваат на источната граница на земјата е предизвикан од руската одмазда поради соработката во одбраната на Финска со Соединетите Американски Држави.

„Владата денеска одлучи Финска да затвори некои источни гранични премини. Тој дел од источната граница ќе биде затворен ноќта меѓу петок и сабота“, рече Орпо на прес-конференција.

Весниците „Хелсингин Саномат“ и „Илта-Саномат“ објавија дека властите на новата членка на НАТО планираат да затворат некои од граничните премини со Русија поради загриженост за националната безбедност.

„Хелсингин Саномат“ во својот текст наведува и тоа дека прес-конференцијата на министерката за внатрешни работи, Мари Рантанене, што бесе закажана за на 15 овој месец, во изминатава среда, била откажана поради „влошувањето на граничната ситуација“.

Информациите за можноста за таков развој на настаните се појавија во средата, а советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, во средата на платформата X, поранешен Твитер, објави инсерт од претходна телевизиска емисија на, како што ја нарече „проруската и воена подбуцнувачка“, новинарката Олга Скабеева, во која еден од гостите, пропагандист на Кремљ, и се закануваше на Финска.

„Финците не пуштаат автомобили да поминат, да ја поминат границата. Никого не пуштаат да влезе во државата. Велат дека не може да се влезе со автомобил, но за тенкови не кажаа ниту збор. Видете, веројатно се подготвуваат за тоа“, рече тој.

„Финци, внимание! Руските пропагандисти се закануваат дека со тенкови ќе влезат во вашата држава. Историјата ништо не ги научи“, коментира Герашченко во својата објава.

Финските власти тврдат дека луѓето кои доаѓаат во нивната земја легално пристигнуваат во Русија пред да се упатат кон границата за да влезат во Финска и да побараат азил.

Орпо ја обвинува Русија дека намерно им помага на лицата без соодветни документи да стигнат до финската граница.

„Јасно е дека на овие луѓе им се помага и дека граничарите ги придружуваат или ги превезуваат до границата“, рече Орпо во вторникот.

Сите четири премини се на југоисточниот дел на Финска и главно се најпрометните точки за патување меѓу двете земји.

Оваа недела, десетици баратели на азил од Ирак, Јемен, Сомалија и Сирија секојдневно пристигнуваа преку Русија, соопштија финските погранични власти, за разлика од помалку од еден мигрант дневно претходно оваа есен.

Од септември досега влегле вкупно 280 баратели на азил, објави вчера Граничната стража.

Барателите на азил кои пристигнуваат преку Русија од сабота ќе можат да ги поднесат своите барања за азил само на два северни гранични премини, соопшти владата.

Југоисточните гранични премини секојдневно ги користат околу 3.000 луѓе.

Орпо рече дека разбира оти затворањето на премините ќе го отежне секојдневниот живот на луѓето на кои им е дозволено да патуваат меѓу Финска и Русија.

„Нашата порака е силна, сакаме оваа појава да престане за да можеме да го продолжиме граничниот промет како досега“, рече тој.

Финска дели 1.340 километри граница со Русија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Веса Моиланен / Ројтерс)

актуелно граница Кремљ русија финска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.