Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДРЖАВЕН УДАР ВО ГАБОН: Војската ја „симна“ фамилијата која владееше 56 години
СВЕТ

ДРЖАВЕН УДАР ВО ГАБОН: Војската ја „симна“ фамилијата која владееше 56 години

август 30, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Група високи офицери на војската на Габон се појавија на националната телевизија раноутринава и соопштија дека ја презеле власта откако државната изборна комисија објави дека претседателот Али Бонго освоил трет мандат.

Офицерите на телевизискиот канал „Габон 24“ изјавија дека ги претставуваат сите безбедносни и одбранбени сили во централноафриканската држава.

Додадоа и дека резултатите од изборите се поништени, дека сите граници ќе бидат затворени до понатамошно известување и дека институциите ќе се распуштат.

Новинар на Ројтерс информираше дека во главниот град Либревил, по телевизиското обраќање на војската, се слушаат силни пукотници.

Владата на земјата-членка на ОПЕК (Организација на земјите извознички на нафта) веднаш не го коментираше настанот.

„Во име на габонскиот народ, решивме да го зачуваме мирот со ставање крај на сегашниот режим“, порачаа офицерите.

Додека еден офицер ја читаше заедничката изјава, десетина други во воени униформи и со беретки на главите тивко стоеја околу него. Војниците се претставија како членови на Одборот за транзиција и обнова на институциите.

Во државните институции што ги прогласија за распуштени ги вклучуваат владата, сенатот, народното собрание, уставниот суд и изборната комисија.

Превратот, доколку биде успешен, ќе биде осми државен удар во Западна и Централна Африка од 2020 година. Пресвртите во Мали, Гвинеја, Буркина Фасо, Чад и Нигер ги поткопаа демократските процеси во изминатите неколку години.

Војската минатиот месец ја презеде власта во Нигер, дестабилизирајќи го регионот Сахел и ги вовлече светските сили во ситуацијата, чии стратешки интереси се загрозени.

Тензиите беа високи во Габон поради стравувањата од немири по општите избори во саботата, на кои Бонго се обиде да го продолжи 56-годишното владеење на неговото семејство, додека опозицијата притискаше за промени во државата богата со нафта и какао, но во која владее сиромаштија.

Недостигот на меѓународни набљудувачи, суспензијата на некои странски медиуми и одлуката на владата да го блокира пристапот до Интернет и да воведе полициски час по изборите, ја зголеми загриженоста за транспарентноста на изборниот процес.

Шеесет и четиригодишниот Бонго, кој го наследи својот татко Омар како претседател во 2019 година, се кандидираше за нов мандат против 18 предизвикувачи, од кои шест го поддржаа заедничкиот кандидат, поранешниот министер и универзитетски професор Алберт Онда Оса.

Од седиштето на Бонг ги отфрлаат тврдењата за изборна измама.

Зградата на парламентот беше запалена во 2016 година кога избија насилни улични протести против контроверзниот реизбор на Бонго за втор претседателски мандат. Владата потоа го оневозможи пристапот до Интернет неколку дена.

актуелно Африка војска Габон државен удар пуч режим
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.