Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Државниот инспекторат постапува по екоинцидентот во Вардар, познат предизвикувачот
Локално

Државниот инспекторат постапува по екоинцидентот во Вардар, познат предизвикувачот

септември 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државниот инспекторат за животна средина денеска изврши вонреден инспекциски надзор во комплексот на поранешна Железарница кај три правни субјекти Макстил А.Д, ЕСМПодружница Енергетика, Скопје и Арцелор Митал преземен од Либерти Хаус Груп, поради вчерашното загадување на водите на река Вардар.

„Надзорите се вршени од страна на два државни инспектори за животна средина, а во надзорот учествуваше и еден помлад инспектор за животна средина сите од Одделението за инспекциски надзор во животната средина и природата-Скопски регион“, се наведува во соопштението на инспекторатот.

Се додава дека за сите овие правни субјекти се изготвени Записници за констатација во инспекциска постапка, направена е фотодокументација, а од страна на субјектите е доставена дополнителна документација за потребите на надзорите.

Од правниот субјект Арцелор Митал преземен од Либерти Хаус Груп, Државниот инспекторат за животна средина беше писмено известен дека еколошкиот инцидент, кој се случи вчера е предизвикан од нивна страна.

Во работните простории на компанијата дошло до пукање, при што се случило излевање на материјал измешан со железо и киселина без соодветно да биде третиран во системот за отпадни води и е предизвикано излевање на видно обоена црвеникаво-жолта отпадна вода во река Вардар вчера во утринските часови.

„Сите наводи се констатирани со инспекциски надзор на лице место со Записник за констатација, по што во постапката ќе следи соодветно решение во законскиот рок, а по добивањето на деталниот извештај за причините кои доведоа до инцидентот, ќе се постапи согласно законските прописи и јавноста повторно ќе биде информирана за водењето на понатамошната постапка“, се вели во соопштението на Инспекторатот.

актуелно Вардар Државен инспекторат екоинцидент
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.