Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дуално образование за продуцирање на квалитетни и обучени кадри за развој на стопанството
Македонија

Дуално образование за продуцирање на квалитетни и обучени кадри за развој на стопанството

март 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката за образование и наука д-р Рената Дескоска и заменик министерот за образование и наука д-р Арбер Адеми остварија средба со делегација од федералната стопанска комора на Австрија, предводена од потпретседателот д-р Рихард Шенц, придружуван од амбасадорката на Република Австрија Н.Е. г-ѓа Ренате Коблер.

На средбата се разговараше за економската соработка помеѓу двете земји, презентирани се мерките од Планот за економски раст, а особен фокус беше ставен на имплементирање на системот на дуално образование во македонскиот образовен систем со цел продуцирање на квалитетни и обучени кадри за потребите на македонските компании.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека Владата започна со имплементација на новата индустриска политика, преку мерките од Планот за економски раст, со кои се очекува раздвижување на економската активност во земјата, нови инвестиции и работни места за граѓаните.

„Мерките кои ги донесовме се атрактивни и апликативни и за компаниите кои веќе работат и за нови инвеститори. Очекуваме мерките да имаат позитивни ефекти за технолошки развој на компаниите, што ќе значи повисока продуктивност, ефикасност и конкурентност на македонската економија. За постигнување на одржлив и интензивен економски раст и развој, неопходно е и образовниот систем да продуцира стручни кадри за потребите на пазарот на трудот“, истакна Анѓушев.

Министерката за образование и наука Дескоска посочи дека Владата е посветена на реформи во образованието и дека за економијата е значајно образовниот систем да биде применлив во пракса.

„Интензивно работиме на унапредување на образовниот систем, бидејќи квалитетното и соодветно образование е темел на општествениот и економски развој. Целта ни е образовните институции да продуцираат стручни и компетентни кадри за да се задоволат барањата на компаниите, а со тоа да се намали невработеноста. Наша намера е да ја искористиме позитивната пракса од австрискиот модел на дуално образование и на тој начин да го подобриме школскиот систем, особено во стручните образовни институции “, истакна Дескоска.

Потпретседателот на федералната стопанска комора на Австрија, Рихард Шенц, кој беше придружуван од претставници на австриски компании, членки на комората, ги истакна мерките од Планот за економски раст како добра можност за развој на компаниите и ја искажа подготвеноста за поддршка во имплементација на дуалното образование во македонскиот образовен систем.

актуелно влада економија комора образование
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.