Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДФРМ бара редефинирање на финансирањето на македонскиот филм
Култура

ДФРМ бара редефинирање на финансирањето на македонскиот филм

февруари 14, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) на редовното собрание усвои одлука да иницира редефинирање на моделите на финансирање на македонскиот филм.

Бидејќи фелата се соочува со проблеми во финансирањето на филмските проекти, а авторите и независнитете продуценти се соочени со неизвесност, ограничувања и неможност за постојана продукција, ДФРМ бара буџетот за филм да биде стабилна ставка во државниот Буџет и да се утврдува според глава на жител.

Бара и да се вратат алтернативните извори на финансирање на македонскиот филм, како и финансирање на локално ниво.

Во однос на оформување на буџетот за филм според моделот пер капита (глава на жител), Друштвото предлага минималната ставка да изнесува помеѓу 2 и 3 евра по жител.

Тоа ќе претставува минимум услов за скромно, а сепак нормално и достоинствено функционирање на дејноста затоа што, како што наведува, паушалното одредување на висината на ставката за филмска дејност во државниот буџет е неодржлива.

„Дејноста зависи од проценката, стратегијата, а понекогаш дури и од „милоста“ на креаторите на буџетската политика, често без да бидат земени предвид сите околности и потреби на дејноста, како и разгледани сите аспекти и можности. Од овие причини, сметаме дека е неопходно да се приближиме кон европските политики на стабилизирање на буџетот за филм според утврдени параметри“, наведува ДФРМ во отвореното писмо потпишано од неговиот претседател Игор Иванов, кое е пратено до Владата, министерствата за култура и за финансии и Агенцијата за филм.

Друштвото нагласува дека македонската кинематографија загубила значителни средстава со укинувањето на главниот алтернативен извор од кој се полнеше касата на Агенцијата за филм – давачката од три проценти од игрите на среќа наменети за поддршка на кинопроизводството, која од нејасни причини е пренасочена од филмот кон спортот.

„Предлагаме изнаоѓање нова законска рамка која ќе овозможи обезбедување доволно средства за непречено функционирање на дејноста, според европските модели и практики. Во овој контекст, дополнително предлагаме и воведување даночно ослободување, како одреден процент од данокот на добивка за инвестиции во филмски проекти од национален интерес, по пример сличен на оној кој се применува во спортот“, наведува ДФРМ.

Во однос на третото барање – финансирање на локално ниво, Друштвото констатира дека локалната самоуправа недоволно или речиси воопшто не учествува во овие процеси.

Смета дека секоја поголема општина во својот буџет би требало да алоцира одреден процент за кофинансирање филмски проекти, со што ќе стане поатрактивна и привлечна за филмските екипи.

„Искрено верувме дека Владата на Република Северна Македонија ќе ја воочи и разбере потребата од реформа во делот на финансирањето на националната кинематографија и ќе ја разгледа оваа иницијатива, за чие законско формализирање и имплементација стоиме на располагање“, наведува ДФРМ во отвореното писмо со кое иницира редефинирање на моделите за финансирање на македонскиот филм.

ДФРМ македонски филм финансирање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Уставен повторно ќе одлучува за одредбите од Изборниот законик за државното финансирање на партиите

септември 23, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026

Концертот на Дејвид Гета ќе го блокира центарот на Скопје

септември 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.