Повеќе стотици луѓе се евакуирани, а главниот автопат е затворен, откако шумскиот пожар во северното предградие на Лос Анџелес брзо се претворил во, како што рече градоначалникот Ерик Гарчети, „најголем пожар во историјата“ на тој град.
Пожарот „Ла Туна“, именуван по подрачјето на кањонот каде што изби во петокот, зафати 2.023 хектари и ги наведе надлежните да евакуираат повеќе од 700 домови во северниот крај на Лос Анџелес и делови од блиските градови Бурбенк и Глендеј.
Официјални лица предупредуваат на непредвидливите ветрови кои би можеле да ги промораат да ја прошират зоната на евакуација, откако денеска една куќа беше целосно уништена.
„Освен тоа, до сега нема какви било загуби на имоти“, изјави Гарчети на конференција за новинари.
Пожарот е запрен на само 10 отсто од површината што е зафатена, а повеќе од 500 пожарникари се борат со огинот.
„За овој пожар којшто избувна вчера, сега можеме да кажеме дека е најголем пожар во историјата на Лос Анџелес, во смисла на површината која е зафатена“, рече Гарчети на прес конференцијата.












