Евроамбасадорот, Самуел Жбогар, денеска престојува во посета на општина Струга каде што ќе се сретне со градоначалникот, Мустафа Забзуни.
Евроамбасадорот во Струга ќе го отвори и фестивал на влашки јазик во рамките на проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“, чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во Југозападниот Регион преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор.
Евроамбасадорот Жбогар ќе ја посети и општина Вевчани каде што ќе има средба со градоначалникот Цветомир Угриноски и ќе изврши увид во градежните активности што се реализираат преку проектите „ЕУ за вас“ и „Рурален инвестициски фонд“, финасирани од Европската Унија.