Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Евробарометар: Македонците се за ЕУ, најголем проблем им се економијата и невработеноста
Политика

Евробарометар: Македонците се за ЕУ, најголем проблем им се економијата и невработеноста

август 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Довербата на граѓаните на Северна Македонија во ЕУ е 57 отсто и бележи намалување од шест отсто во однос на есента минатата година.

Сепак, 68 отсто сметаат дека членството во ЕУ би било многу добро за земјата, наспроти 16 проценти кои имаат спротивен став.

Дека земјата ќе има корист од зaчленувањето во ЕУ сметаат 72 отсто од граѓаните.

Ова го покажуваат податоците од стандардното истражување на Евробарометар спроведено по европските избори меѓу 7 јуни и 1 јули 2019 година во сите 28 земји членки на ЕУ и петте земји кандидати.

Поддршка за прием на нови земји членки даваат 48 отсто од жителите на ЕУ, што е пораст од три проценти во однос на есента 2018 година.

Најголема поддршка за проширувањето даваат Шпанците (70%), Полјаците и Литванците (69%), Унгарците (65%) и Словенците (64%).

Најмала поддршка за проширувањето на ЕУ има во Холандија (31%), Франција (32%) и Германија (33%).

Сепак, во Франција и Германија, во споредба со претходниот извештај, има раст од два отсто на оние кои се за прием на нови членки.

Граѓаните на Северна Македонија како два најголеми проблема со кои се соочува земјата ја посочиле економската ситуација (35%) и невработеноста (30%).

На прашањето колку се задоволни од животот што го водат, 67 проценти од анкетираните во земјава одговориле дека се задоволни, а 33 незадоволни.

Запрашани дали очекуваат подобар живот во наредните 12 месеци 33 отсто одговориле позитивно, 16 негативно, а 50 проценти сметаат дека животот ќе им остане ист.

Општата ситуација во земјата во моментот како добра ја оцениле 47 отсто од испитаниците што е за 10 проценти повеќе во однос на есенскиот Евробарометар.

Како лоша, пак, ја оцениле 51 процент или за 11 отсто помалку во споредба со претходното истражување.

Економската состојба како генерално добра ја оценуваат 36 отсто (зголемување од 8%), а како лоша 62 отсто (намалување од 8%).

Подобрување на општата ситуација во земјата во наредните 12 месеци очекуваат 28 отсто, исто толку сметаат дека ќе биде полошо, 40 отсто оти ќе остане иста, а четири отсто не одговориле.

Довербата во Владата е 33 отсто, во Парламентот е 31 отсто, но и кај двете институции има раст од три отсто во однос на резултатите од есенскиот Евробарометар.

Доверба во политичките партии, пак, имаат 20 отсто, наспроти 77 отсто кои немаат.

На медиумите им веруваат 36 отсто, а не им веруваат 62 отсто од испитаниците.

Истражувањето на Евробарометар е спроведено според методологија „лице во лице“. Во ЕУ биле опфатени 27 464 испитаници, а во Северна Македонија 1 017 во периодот од 12 до 26 јуни годинава.

актуелно Евробарометар еконимија ЕУ македонци невработеност проблем
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.