Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Евроинтеграциите и подготовките за НАТО во точките на денешната владина седница
Македонија

Евроинтеграциите и подготовките за НАТО во точките на денешната владина седница

јануари 30, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Состојбите и напредокот во процесот на евроинтеграциите, користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, статусот на реализација на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО и статусот на реализација на Рамковниот договор ќе бидат дел од точките на денешната редовната 52 седница на Владата на Република Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата која треба да почне напладне, ќе се разгледуваат и годишни програми за работа, инвестициони програми како и програми за реализирање на годишен стратешки план на повеќе државни агенции и јавни претпријатија како и на Дирекцијата за технолошки индустриски зони, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и на Фондот за иновации и технолошки развој.

На дневен ред е и Предлог-програмата за развој на туризмот, како и Предлог-годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2018.

Владата денеска ќе одлучува и по Предлог-одлуката Судскиот буџетски совет за утврдување на бодот за пресметување на платите на судските службеници и судската полиција за 2018 година.

Министрите на Владата, на денешната седница ќе го разгледаат и енергетскиот биланс на Македонија за 2018 година, Предлог-програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања, Предлог-националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој за период 2018-2022 година, како и бројни Информации по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Денеска Владата ќе одлучува и по Предлог-законот за престанување на важењето на законот за поддршка на домашната музичка продукција, а ќе ја разгледа и Информација за доделување на стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Македонија, како и Информацијата за Ревидиран Акциски план за вработување на млади за периодот 2016- 2020 година и ревидираната  Информација за имплементација на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија 2010-2020.

На денешната седница, се наведува, Владата ќе ја разгледа и Предлог Стратегијата за образование 2018-2015, и ќе биде информирана и за процесот на реализација на активностите од Рамковниот договор за „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образование 2016-2020“ во рамки на Оперативната програма Развој на човечки ресурси 2007-2013.

актуелно Влада на РМ ЕУ македонија министерство НАТО програма рамковен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.