Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Еврокомисијата примила барање за помош од Северна Македонија
Политика

Еврокомисијата примила барање за помош од Северна Македонија

март 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската комисија за МИА потврди дека е примено писмо со барање за помош за справување со кризата на коронавирусот во Северна Македонија.

„Можеме да потврдиме дека комесарот Вархеји прими писмо од Владата на Северна Македонија и набргу ќе одговориме. Моментно работиме интензивно да им помогнеме на нашите партнери од Западниот Балкан да се справат со коронавирусот и да им обезбедиме поддршка за ублажување на социо-економските последици од кризата“, изјави за МИА Ана Писонеро, портпаролка на комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Според информациите на МИА, Владата на Северна Македонија вчера испратила писмо до Европската комисија во кое бара помош за ублажување на кризата, која се очекува да се влоши во наредните денови.

Владата изразува задоволство што Европската Унија се мобилизира на солидарен начин и се надева дека истиот пристап ќе може да се присвои и кон земјите кандидати за членство.

Европската Унија е мета на силни критики последниве денови поради тоа што не ги вклучи земјите од Западниот Балкан во мерките за помош.

Северна Македонија нуди неколку опции за начинот на кој ЕУ би можела да и помогне на земјата да се справи со оваа кризна состојба, како на пример реалокација на одредени фондови.

Владата потсетува и дека Северна Македонија е земја учесник во Цивилниот механизам за заштита, механизам кој овозможува итна помош во случај на катастрофи и непогоди, и предупредува дека е можно во наредниот период да и биде потребна помош преку овој механизам.

Земјата, исто така, бара од Европската комисија да ја разгледа можноста да биде вклучена во механизмите за олеснување на притисокот врз малите и средни претпријатија, механизам кој е активиран за земјите членки на ЕУ.

Северна Македонија може да страда и поради одлуката на некои земји членки на ЕУ да забранат извоз на потребна опрема кон трети земји.

Европската комисија ја поддржа оваа мерка на ЕУ и посочи дека третите земји ќе мораат да добиваат посебни дозволи доколку бараат увоз на опрема од земја на Унијата.

Во овој контекст, Владата на Северна Македонија бара од Европската комисија да ја ревидира оваа одлука и да ја отстрани земјата од групата држави за кои се потребни посебни авторизации.

Во Европската комисија неофицијално коментираат дека ситуацијата е тешка и во самата ЕУ, но дека се свесни оти треба да одговорат на потребите за хуманитарна помош и цивилна заштита, тука ЕК го вклучува и прашањето на репатријација на граѓаните на Северна Македонија заглавени надвор од земјата.

Што се однесува до социо-економските последици од оваа криза, Европската комисија работи на тоа да се пренасочат постоечки инвестициски програми за да им се обезбеди капитал на претпријатијата, посебно малите и средните, велат изворите на МИА во ЕК.

Реалокацијата на претпристапните фондови исто така се разгледува, тврдат од Еврокомисијата и потсетуваат дека омекнувањето на правилата на ЕУ за државна помош автоматски важат и за земјите кандидати.

Изворите на МИА додаваат дека се работи и на забрзување на проект на Европскиот центар за превенција и контрола на болести за да му се помогне на здравствениот систем да одговори на предизвиците, односно подобрување на капацитети за контрола и мониторинг на заразни болести, подобрување на способностите и подготвеноста на здравствените потребни и подобрување на јавните микробиолошки лаборатории.

Сето ова за сега, меѓутоа, не се потврдува официјално од страна на Брисел, но комесарот за проширување на последната седница на
Европската комисија ги презентирал иницијативите што се разгледуваат.

Најважно сега ќе биде да се види одговорот на земјите членки.

актуелно еврокомисија северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.