Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европа апелира на донесување на законот за ЈО
Македонија

Европа апелира на донесување на законот за ЈО

јануари 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Претседателот на Собранието Талат Џафери апелираше до партиите што побргу да ги приближат ставовите за Законот за Јавно обвинителство, еврокомесарот Оливер Вархеји порача дека треба да се даде приоритет на тој закон, додека пак шефот на дипломатијата Никола Димитров оцени дека тие што нема да гласаат и нема да учествуваат во таков закон не се чесени и искрени пред гласачите и пред граѓаните кога велат „сакам Европска Унија“.

Вархеји, при посетата во Скопје, изрази надеж дека сегашниот парламентарен состав ќе даде приоритет на новиот закон за ЈО, консатирајќи дека тоа ќе биде добар знак упатен до земјите-членки.

Франсоа Лефон, советник на вицепремиерот за европски прашања, во интервјуот за МИА, нагласи дека доколку сите политички партии се за членство во ЕУ како што велат, треба да се способни да се договорат околу реформите за да ѝ докажат на Европската комисија дека се посветени на доброто на земјата.

„Инаку, ќе видиме дека ова се само политички игри, и една од причините што не го добивме Законот за СЈО. Опозицијата не сакаше да му даде на мнозинството таков подарок пред изборите. Двотретинско мнозинство не беше можно. Ако партиите се посветени на европскиот пат, ќе сфатат дека овој момент е поважен од нивните политички игри, рече Лефон.

Димитров, во интервјуто за МИА, нагласи дека сега сме ставени на тест дали ќе може ова да го издигнеме вон изборниот контекст и во тој случај во март, како што рече, „можеби би можеле да прогласиме една заедничка победа и на владејачката партија и на опозицијата, на цел народ, на некој начин и на целото општество или ова ќе го направиме предмет на меѓупартиски препукувања“.

„Ако еврокомесарот, кој очигледно е наш сојузник и работи на таа агенда да го направиме конечно овој пробив во заслужената следна фаза, ако тој вели важно е ова да се донесе во сегашниот парламентарен состав, ќе се види дали сме само декларативни во заложбите и едноставно е. Кој нема да гласа и нема да учествува во таков закон, во кој се вградените сите забелешки и сугестии на ЕК, не е чесен и искрен пред гласачите и пред граѓаните кога вели сакам ЕУ, но не сакам да го правам тоа што ЕУ сугерира дека треба да се прави за да се успее, истакна министерот за надворешни работи.

Според пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева најголемата опозициска партија нема слух за Закон за обвинителство.

„Во овој момент не гледам дека се загрижени и дека би сакале да седнат да поработиме на оваа тема. Мислам дека тоа е особено од моментот кога се најавија изборите, едноставно целосно го тргнаа на страна, тоа е мојот впечаток се надевам дека грешам, би била пресреќна да грешам и да се откочи процесот, рече Калеска Ванчева.

Според неа, одговорноста доколку не се донесе законското решение е подеднаква и на власта и на опозицијата.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски пак посочи дека тие се на располагање на владејачката коалиција и смета дека преку конструктивни преговори ќе ги дадат и нивните предлози за донесување на законот.

„Сметаме дека би било добро да се донесе, стоиме на располагање на владината група на парламентарното мнозинство ДУИ и СДСМ за конструктивни преговори каде би ги дале нашите предлози на донесување на закон согласно стандардите на Венецијанската комисија. Но, треба да се направат приоритети доколку за владиното и парламентарното мнозинство поважен е Законот за трговија со сува марихуана, а не е толку важен Законот за обвинителство тогаш тешко дека ќе можеме нешто да направиме и да донесеме, рече Милошоски.

Законот за ЈО уште од јули минатата година е влезен во собраниска процедура.

актуелно апел Европа закон јо
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.