Областа на централна Италија неколку минути по полноќ беше погодена од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил на осум километри од градот Мачерата, на длабочина од два километри.
Луѓето сведочат дека земјотресот бил доста силен, но краток.
Некои тврдат дека ги разбудил, а некои од страв излегле на улица. Да потсетиме, кон крајот на јануари северот на Италија го погоди земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтер, а епицентарот беше на 23 километри од Римини.







