Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европол добива поголеми овластувања
Европа

Европол добива поголеми овластувања

мај 6, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европратениците дадоа зелено светло за поголеми овластувања на Европол во борбата против новите закани, кои ќе ги следи подобра заштита на податоците и построг надзор.

Со 480 гласа за, 143 против и 20 воздржани, ЕП формално го потврди договорот на преговарачите меѓу Парламентот и Советот на Европската унија за зајакнување на мандатот на Европол постигнат во февруари.

Европол им дава потпора на националните тела и органи за спроведување на законите и нивната соработка во спречувањето и борбата против сериозниот криминал и тероризмот. Неговата главна задача е да собира, анализира и разменува информации, вклучително и криминалистичко-разузнавачка дејност.

Со зголемени овластувања, Европол ќе може да спроведува истражувачки и иновативни проекти, да обработува големи количини на податоци и да им помага на националните тела да ги истражат странските директни вложувања поврзани со безбедноста.

Со цел да се избалансираат новите овластувања на полициската агенција со соодветен надзор, Парламентот и Советот се согласија агенцијата да именува службеник за фундаментални права. Дополнително, Европскиот супервизор за заштита на податоците (ЕДПС) ќе ги надгледува операциите за обработка на лични податоци на Европол.

„Оваа регулатива е резултат на загриженоста за потребата од подобар и поефективен инструмент за поддршка на земјите-членки во безбедносна средина со растечки и сè покомплексни закани“, рече Хавиер Зарзалехос, известувач за законот.

Зарзалехос истакна дека „Европол ефикасно и директно ќе соработува со приватните страни во утврдувањето на надлежностите и ќе дозволи размена на податоци со приватни страни директно во кризни ситуации на интернет“, а посебно ја нагласи соработката кај масовното ширење на терористичка содржина и во борбата против сексуалната злоупотреба на деца.

Тој нагласи дека поголемите овластувања на Европол ќе бидат придружени со „поголема транспарентност, парламентарен надзор, поголема демократска одговорност и широк опсег на заштитни мерки кои гарантираат целосно почитување на заштитата на податоците“.

„Не очекувавме воени злосторства извршени во Европа, не очекувавме милиони украински бегалци да влезат во ЕУ – милиони жени и деца се изложени на ризик од трговија со луѓе“, изјави комесарката за внатрешни работи на Европската комисија, Илва Јохансон, пред Европскиот парламент.

„Новиот мандат ќе му помогне на Европол да ја засили борбата против овие нови закани, стари закани и потенцијални закани“, рече таа.

Јохансон објасни дека во борбата против криминалот исклучително важна е анализата на големи количини на податоци, поради што е неопходно Европол да користи вештачка интелигенција за брза и ефикасна анализа на базата на податоци при спречување на злосторства.

Европратеникот Јероен Ленаерс (ЕПП) се согласува дека заканите со кои се соочува Европа се менуваат и смета дека е важно да се прилагоди одговорот на нив.

„Криминалот станува се повеќе дигитален и ние треба да се погрижиме полицијата да се потпре на вистинските алатки за борба против тие криминалци“, рече Ленаерс, додавајќи дека зајакнувањето на овластувањата на Европол го обезбедува токму тоа.

Европратеникот Пол Танг (СДП) посочи дека прашањето за новиот мандат на Европол е поврзано со клучното прашање во парламентот – која е вистинската рамнотежа помеѓу заштитата на основните права и јавниот интерес?

„Постои тенка граница помеѓу објективните истраги засновани на ризик и неправедно гонење и судење“, рече социјалдемократот, предупредувајќи на можноста да се премине таа линија.

Саскиа Брикмонт од Зелените се прашуваше дали Европол станува европска НСА (Агенција за национална безбедност – американската владина разузнавачка агенција која ги следи и анализира комуникациите дома и во странство).

„Мислам дека оваа реформа не е правилна. Мораме да се погрижиме Европол да не падне во стапицата во која западна НСА“, рече таа.

Брикмонт го критикуваше зајакнувањето на овластувањата на агенцијата на ЕУ, велејќи дека смета оти инструментите потребни за да се обезбеди заштита на податоците не се доволни.

актуелно безбедност Европол криминал парламент
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.