Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европратениците му ја пренесоа нивната поддршка на Османи за почеток на преговори
Политика

Европратениците му ја пренесоа нивната поддршка на Османи за почеток на преговори

декември 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, одржа дебата со европратениците од Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент (ЕП) попладнево.

Со исклучок на двајца бугарски пратеници од десницата,пораката на ЕП е јасна билатералните спорови немаат место во преговарачкиот процес со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Десеттина европратеници заземаа збор за еден час дебата со македонскиот министер за надворешни работи попладнево на виртуелна сесија на парламентарната комисија, со силни зборови на поддршка и разочарување за блокадата од страна на Бугарија за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија.

Хрватскиот пратеник, Тонино Пицула, порача дека непринципиелните блокади за билатерални прашања се „добро познати“ во Хрватска, алудирајќи на словенечката блокада за време на преговорите на Хрватска со ЕУ и побара „овој модел да биде спречен“.

Пицула, кој беше известувач на Европскиот парламент за Загрепскиот самит порача дека неговата поддршка за Северна Македонија не се доведува во прашање и потсети
дека Бугарија мора да дозволи одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на овој месец.

Силна поддршка изрази и грчкиот европратеник од Сириза, Стелиос Кулоглу, кој побара да се стави крај на „историските зомби“ на Балканот и порача дека Европскиот парламент е на страна на Северна Македонија.

„Преспанскиот договор побара големи напори од двете страни, и Грција и Северна Македонија, двете земји со лидерство успеаја да го надминат национализмот, но сега повторно се појавува национализмот со ова вето како зомби од гробот на балканските војни“, рече Кулоглу, додавајќи дека бугарското вето е штетно за целиот регион, вклучително и Албанија и Грција.

Грчкиот пратеник рече оти е „неприфатливо е една земја членка да го користи својот статус против земја кандидат за да си ги решава билатералните односи, во 21 век и во време кога имаме други проблеми како пандемијата, социјалната правда, безбедноста и демократијата“.

Слична осуда за бугарското вето пристигна и од групата на Зелените преку холандската пратеничка, Тинеке Стрик.

„Навистина се надевам дека земјите членки ќе почнат да ги почитуваат официјалните критериуми наместо да ја злоупотребуваат својата позицијата за билатерални спорови кои немаат никаква поврзаност со пристапниот процес, ова би било многу лош преседан ако биде прифатен, во прашање е кредибилитетот на ЕУ“, рече Стрик.

За пратеничката е јасно дека Северна Македонија ги исполнува
официјалните критериуми за почеток на преговорите со ЕУ и дека земјата
направи сериозен реформски напредок, но тој мора да биде одржан и
подобрен посебно во делот на слободата на медиумите, основните права
и демократските институции.

Претставникот на Европската народна партија, ЕПП, од Бугарија, европратеникот Александар Јорданов, и неговиот колега од бугарското ВМРО, беа единствени кои го поддржаа бугарското вето.

„Има Македонци кои се чувствуваат како Бугари и ова мора да биде познато, вие морате да престанете со комунистичката интерпретација на историјата, дали ги сменивте историските учебници?“, праша Јорданов и порача дека Северна Македонија ќе ја добие поддршката на Бугарија кога ќе го имплементира Договорот за пријателство.

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, со помирувачки тон повтори дека властите во земјата ги негуваат добрососедските односи, како што тоа го докажала преку носење тешки одлуки рече тој, и смета дека Договорот за пријателство е најдобрата основа за понатаму со Софија.

„Договорот за пријателство со Бугарија е формула за успех, споровите се емоционални и со емоции е тешко да се постигне рационален пристап, посебно во предизборен период“, објасни Османи, истакнувајќи дека за само осумнаесет месеци остварени се 11 средби на заедничката интердисциплинарна комисија и постигнат е договор за два историски периоди и пет историски фигури.

Османи исто така потврди дека Северна Македонија не се откажува од проевропскиот пат и покрај фрустрациите и разочарувањата и дека ќе продолжи да работи на реформите за да биде подготвена денот кога ќе биде дадено зелено светло од страна на Советот на ЕУ.

За Северна Македонија, рече тој, нема друга алтернатива освен ЕУ.

„Интересно е дека сепак ние ја живееме таа алтернатива повеќе од десет години и ќе ја живееме веројатно уште една декада додека ЕУ не биде подготвена да прими нови земји членки, ние треба да најдеме внатрешна сила, а за тоа Европскиот парламент се покажа како партнер од вредност“, рече министерот Османи.

Тој ги увери пратениците дека Северна Македонија држи до односите со Бугарија и сака да ги негува, но дека тие мора да се развиваат со взаемна почит.

 

актуелно европратеници Османи преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.