Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европската Инвестициска Банка ќе ја „рестартира“ македонската економија
Финансии

Европската Инвестициска Банка ќе ја „рестартира“ македонската економија

март 15, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Македонија со поддршка на проектите за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата со КОВИД-19, со посебен фокус на малите и средни претпријатија, како и за проекти од Зелената агенда за инвестиции во обновлива енергија, енергетска ефикасност и дигитализацијата како дел од програмата што произлегува од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан.

Ова е заедничкиот заклучок од средбата на премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими со претседателот на ЕИБ, Вернер Хојер, и со потпретседателката на банката, Лилјана Павлова.

ЕИБ е подготвена да ја прошири својата успешна соработка со македонската влада и да придонесе кон остварување на европските стандарди за конкурентност на македонската економија, да поддржи големи инфраструктурни проекти и транзиција кон позелен и поодржлив економски модел.

До денеска, ЕИБ инвестираше близу 970 милиони евра во 29 проекти во Македонија, поддржувајќи клучни сектори на економијата – инфраструктурата, енергијата, транспортот и малите и средните претпријатија.

„Владата на Северна Македонија неодамна го одобри Зеленото сценарио за структурен развој на секторите за транспорт, енергија, животна средина и климатски промени. Имаме амбициозна агенда која ќе биде поддржана со значителни инвестиции, како придонес за иднината не само на Македонија, туку и на Европа како целина. Ние веруваме дека Европската инвестициска банка може да биде наш клучен партнер во овој потфат и очекувам блиска и успешна соработка во следните години“, истакна премиерот Заев на средбата со првите луѓе на Банката.

На работниот состанок на владината делегација со ЕИБ е нагласено традиционалното партнерство во претстојниот период со поддршка за спроведување на двата клучни проекти во моментов во Македонија за кои земјата аплицираше на последниот повик за инвестициски грантови во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан – Пречистителната станица во Скопје и третата фаза од железничкото поврзување по Коридорот 8, источното крило кон Бугарија.

„На претседателот Хојер му ја пренесов нашата заинтересираност за подобра соработка во спроведување на нашата инвестициска агенда презентирана преку Единствената листа на проекти, за што го поканивме ЕИБ да отвори свое претставништво во Македонија. Сè на сè, одличен почеток на работната посета на Луксембург, со охрабрувањето што го добивме од врвот на банката за сите наши
планови во пост-ковид периодот и за нашиот план за ре-старт на економијата и за враќање на развојните трендови кои Европската инвестициска банка ги препозна и ќе ги поддржи и во иднина“, изјави премиерот Заев.

Хојер, од своја страна, истакна дека приоритет на банката е да ја поддржи Македонија што побрзо да се опорави од пандемијата од КОВИД-19 и да напредува на својот пат за пристапување во ЕУ.

„Подготвени сме да ја поддржиме транзицијата на земјата кон позелена, поинклузивна и поодржлива економија со финансирање и технички совети. Премиерот Заев и јас споделуваме европска визија и посветеност кон економски силен регион на Македонија и Западен Балкан и сакаме да видиме поголеми придобивки за Македонија од Економскиот инвестициски план на Европската Комисија. Како банка на ЕУ, ЕИБ ја поздравува силната посветеност на премиерот Заев за поддршка на Зелената агенда и јас сум задоволен што гледам напредување на зелените инвестиции за Македонија“, потенцираше Хојер.

Потпретседателката на ЕИБ, одговорна за Македонија, Лилјана Павлова, пак укажа дека фокусот на Европската инвестициска банка во наредниот период е насочен кон можностите утврдени во Економскиот и инвестициски план како кон брзото закрепнување на КОВИД-19, создавање на посилен регионален пазар и подобра клима за инвестиции.

Амбасадорот Дејвид Гир, како шеф на Делегацијата на ЕУ, по повод одржувањето на состанокот, изјави дека Европската Унија и Владата на Македонија градат партнерство кое се стреми кон повеќе и дека заеднички ги развиваат најдобрите решенија за промовирање на Зелената агенда, промовирање на поврзаност и зајакнување на трговијата во рамките на Заедничкиот регионален пазар.

Како дел од целокупните напори на ЕУ во рамките на Тим Европа за ублажување на економскиот пад од пандемијата КОВИД-19, ЕИБ инвестираше 20 милиони евра за поддршка на македонските мали и средни претпријатија во 2020 година со што им овозможи на локалните компании пристап до нови извори на финансирање за надминување на ограничувањата на ликвидноста и за зачувување на работните места за време на пандемијата.

На средбата во Луксембург на владината делегација со ЕИБ најавени се нови значителни финансиски средства за македонските мали и средни претпријатија во 2021 година.

актуелно банка Европа Зоран Заев Лукесмбург македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.