Новата влада на Македонија уште на самиот старт, веднаш по нејзиното именување, ќе се соочи со меѓународен мониторинг.
Од утре во дводневна посета на земјата од Стразбур, од Советот на Европа доаѓаат европарламентарците Валериу Гилетчи и Лизе Кристоферсен.
Гилетчи од Молдавија и Кристоферсен од Норвешка ќе ги оценуваат политичките состојби во земјата.
Се очекува тие да остварат средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, со првиот човек на Парламентот, Талат Џафери, со претседателот на Уставниот суд, со членови на владата, со лидери на политичките групи, со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со преставници на медиуми и на невладини и меѓународни организации.
Фокусот на разговорите ќе биде ставен на настаните по изборите во декември лани како и генералната состојба во исполнувањето на обврските во однос на Советот на Европа.







