Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Европскиот воз“ пристигна во Скопје
Македонија

„Европскиот воз“ пристигна во Скопје

септември 14, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 „Европскиот воз“ вчера вечерта пристигна на железничката станица во Скопје, во рамки на глобалниот настан „Connecting Europe Express“ со кој се одбележува Годината на железницата, како еден од најодржливиот, најбезбеден и иновативен начин на транспорт.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој со возот пристигна од Белград каде учествувше на Самитот посветен на развој на Железницата во земјите од Западен Балкан, рече дека „Европскиот воз“ како симбол на поврзаност на земјите, сам по себе говори за нашата стратешка визија да станеме полноправна членка на европското семејство.

-Европскиот воз како што сакаме да го нарекуваме, за нас претставува доказ за пријателство, доказ за одличната соработка што ја имаме со нашите партнери од Европската Унија за поддршката што ни ја овозможуваат во развој и модернизација на целиот транспортен сектор, изјави Бочварски.

Република Северна Македонија, посочи тој, е природен крстопат помеѓу Истокот и Западот и овде минуваат двата европски патни правци, Коридор 8 и Коридор 10, што ја става земјата во позиција каде преставува значаен транзит во делот на транспортот на патници и стоки.

-Од тие причини, регионалното поврзување и модернизација на транспортната инфраструктура во земјата се високо на агендата на Владата. Декларацијата и меморандумите за соработка што денеска ги потпишавме во Белград со железниците од земјите од Западен Балкан во соработка со Европската Унија е само потврда на континуитетот на унапредување и модернизирање на железницата како во Република Северна Македонија така и во земјите во регионот. Ова е заеднички влог за сите нас, за економски развој, за просперитет на идните генерации, изјави Бочварски.

Модернизација на железничкиот сообраќај, посочи Бочварски, е посебен предизвик за нас како држава, додавајќи дека освен инвестицијата од преку 200 милиони евра на Коридорот 8, е извршена рехабилитација и на неколку делници на Коридор 10, со што е подигната безбедноста на сообраќајот и овозможено е побрзо движење на возовите до 120 километри на час.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, на настанот организиран по повод пристигнувањето на „Европскиот воз“ во Скопје, порача дека ова ја претставува симболиката за подобра поврзаност, која е високо на агендата на ЕУ и нејзината амбиција – единствена мрежа по копно, вода и воздух, што ќе ги поврзува сите луѓе и пазари.

– Трансапортот е високо на агендата на ЕУ во Северна Македонија. Над 300 милиони евра од ИПА фондовите и инвестициската рамка за  се доделени за овој сектор од 2007 година. Затоа имаме добра причина да ја славиме 2021, како европска година на железницата, изјави Гир.

Треба, нагласи Гир, да работиме на создавање услови за што поголемо користење на железницата и да поттикнеме што повеќе луѓе од цела Европа да ги користат возовите, со цел позелена и поодржлива транспортна иднина.

„Европскиот воз“ во рамки на „Connecting Europe Express“ предвидено е да посети 26 земји од Европа. Следна негова станица е Атина, во соседна Грција. Патувањето го започна на 2 септември во Лисабон, Португалија, а ќе го заврши, на 7 октомври во Париз, Франција.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/662168321413952

актуелно европски воз скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.