Европскиот совет годинава нема да донесе одлука во врска со иднината на преговорите за членството на Турција до крајот на годинава.
Според извори во Европскиот совет, неговите членови неделава ќе разговараат за Турција, но нема да донесат одлука за иднината на преговорите, кои Анкара бара да се продолжат како дел од договорот за мигрантите постигнат минатата година.
Се очекува дека Европската Унија ќе изрази разочараност од состојбата со владеењето на правото во Турција.
Најавено е дека Европскиот совет нема да разговара за состојбата во Каталонија, а дека во врска со преговорите со Велика Британија за излез од ЕУ ќе биде оценето дека досегашниот напредок е недоволен. Од преговорите зависи дали Велика Британија ќе излезе од ЕУ со договор кој ќе ги регулира идните односи или дека односите ќе се регулираат дополнително по завршувањето на процесот на Брегзит.
Eвропскиот совет планира и да ги потврди новите санкции кон Северна Кореја, како и да донесе заклучок за нуклеарниот договор со Иран, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Техеран не ги почитува своите обврски согласно договорот.







