Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕВРОПСКИТЕ БЕРЗИ ВО ПЛУС: „Рајанер“ за шест месеци оствари профит од 2,18 милијарди евра
Берза

ЕВРОПСКИТЕ БЕРЗИ ВО ПЛУС: „Рајанер“ за шест месеци оствари профит од 2,18 милијарди евра

ноември 6, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најважните европски берзански индекси денеска предпладне беа во благ плус, со што го продолжија позитивниот тренд после силниот минатонеделен раст, а според добивката се истакна акцијата на „Рајанер“ (Ryanair) откако таа авиокомпанија извести за рекордна добивка.

Паневропскиот индекс Стохх 600 (Stoxx 600) околу 9.30 часот беше со добивка од 0,21 отсто, откако минатата недела скокна за повеќе од три отсто, бидејќи инвеститорите беа израдувани од добрата заработка на компаниите и надежта за крај на циклусот на заострување на каматните стапки од водечките централни банки.

Истовремено, франкфуртски ДАКС (DAX) зајакна за 0,11 отсто, на 15.205 поени, лондонскиот Фтсе (Ftse) индекс за 0,12 отсто, на 7.426 поени, а париски ЦАЦ (CAC) за 0,15 отсто, на 7.057 поени.

Според растот на цените, предничеа акциите на патничките компании, со просечен раст од 1,3 отсто.

За тоа придонесе скокот на цената на акцијата на ирската авиокомпанија „Рајанер“ за 5,8 отсто, на највисоко ниво во последните триесет денови.

Имено, таа најголема европска авиокомпанија, мерена според бројот на превезени патници, денеска извести дека во првите шест месеци од својата фискална година остварила добивка во висина од 2,18 милијарди евра, 59 отсто повеќе од лани, и дека очекува оваа година рекорден профит, меѓу 1,85 до 2,05 милијарди евра.

Дополнително, објави дека за прв пат во својата историја планира да исплати дивиденда од 400 милиони евра во две транши, 200 милиони во февруари следната година и 200 милиони во септември.

Значително се зголеми и цената на акцијата на „Телеком Италија“, за 2 отсто, по информацијата дека е одобрена продажбата на неговата фиксна мрежа на американската приватна компанија „ККР“ за 19 милијарди евра.

На токиската берза Никеи индексот денеска порасна за 2,37 отсто, на 32.708 поени.

актуелно акција берза индекс камата профит
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.